недела, 30 април 2017  |  Вести денес: 53

Мухамед Али – најдобриот боксер на сите времиња

Screenshot_7

На 74-годишна возраст, по долга борба со Паркинсовата болест која се поврзуваше со  траумите како последица од многуте удари во главата, Мухамед Али – „најголемиот дрдорко“ меѓу професионалните боксери,  ја загуби последната рунда со животот и замина меѓу легендите. Почина откако два дена претходно бил хоспитализиран во една болница во Феникс. Зад себе остави успеси кои е тешко можат да се избројат.

Screenshot_5

Мухамед Али не е само најголемиот боксер, туку и натчовек-спортист, со брилијантен ум кој му ја донел славата. Роден како Касиус Клеј,  станува познат не само по боксот. Одбива да замине да војува како војник на САД во војната во Вијетнам за што завршува в затвор. Го менува името во Мухамед Али, го зема Исламот за своја религија и станува  доминантен во златното доба на боксот во тешка категорија, освојувајќи 56 од неговите 61 борби, победувајќи ги Џо Фрејзер, Џорџ Форман, Сони Листон, Леон Спинкс, Лари Холмс…

Screenshot_6

Неговото мото кое произлезе од неговиот стил на боксување и специфичниот „танц“ во рингот: „Ќе облетувам околу тебе како пеперутка, а ќе те касам како оса“, остана вечно запаметено меѓу љубителите на благородната вештина. Боксерската легенда замина, но легендата за него, вечно ќе живее!

#Коментари
[fbcomments]