четврток, 22 јуни 2017  |  Вести денес: 41

Како изгледаше летувањето во 70-ите и 80-ите!

letovanja-jugoslavija-foto-jutjub-1465477665-925273
Ги паметите ли оние летувања од детството, кога натоварени со перници и фротирски чаршафи, тргнувавме заедно со нашите родители среде ноќза да ги избегнеме гужвите, горештините. Тогаш немаше клими по автомобилите, а патувањето до одредената дестинација ни изгледаше бесконечно.

„Фиат 1300“, „Застава 101“, „Југо“ и „Фиќо“ како трејд марк на превозот, а немаше ни толку убави патишта па патувањетотраеше многу, многу долго. Се разбира со неколку поптани станици на кои запиравме да се одмориме, наточиме гориво, и освежиме со по некое сокче „Шампион“ со сламка, „Кокта“ или „Јупи“ или кафенце.

plaza18

Сендвичи, секако си носевме од дома, а некои и сокчињата ги чуваа во фрижидерчето со амоњак, а кафето го пијеа топло, сварено од дома, ставено во термос.

251

Плинското се чуваше за кога ќе стигнеме таму!

rep3

А до таму, се слушаше избор на музика снимена на касети од касетофонот со радио во автомобилот.

tumblr_inline_mon1tfTFaA1qz4rgp

Задолжителна  опрема за на море беа гумените сандали или пластичните папучи за на плажа,  маска и пераи за нуркање, непливачите – гума за пливање, Нивеа или Солеа за мачкање, кисело млеко како прва помош од изгореници на сонце и секако, здравствена книшка. За не дај Боже! Оти не знаеш што те чека!

nashiot-odmor-vo-20-tiot-vek-07

 

Постарите носеа боролетки папучи, а за вечерни прошетки најчесто носевме бермуди, фармерки Левис од Вартекс, Ли Купер или Вранглер…

Screenshot_28

…И морнарски маици на риги, платнени еспадрили или патики -Шангајки.

2dioeab

 На плажа одевме уредно избричени и намирисани со лосион за после бричење Брион или Пино Силвестре.

plaza4

Сите реквизити за на плажа ги пакувавме во големи пластични торби, полни со сендвичи, или готови јадења од типот: Ќофте во доматен сос, Грав со колбас, Кисела сарма или Секељ гулаш од „29 Новембар“ или „Карнекс“…

Screenshot_29

 

 Девојките се сончаа топлес, ама наопаку…

plaza12

…носеа минимални костими за капење…

plaza2

…или тесни свилени шорцеви со закачени вокмени околу појас и слушалки на ушите.

 На плажа задолжително се читаше или поточно разлистуваше германското музичко тинејџерско списание „Браво“, иако никој од нас од германски абер немаше.

Бидејќи немаше мобилни, Фејсбук и Инстаграм, тука беа задолжителните разгледници со натпис: „Поздрав од…“ , кои како по правило стигнуваа дома после нас, кога ние веќе бевме вратени од одмор.

plaza1

 

#Коментари
[fbcomments]