недела, 23 јули 2017  |  Вести денес: 38

Чиле е противникот на Аргентина во финалето на “Копа Америка”

Чиле-480x270

Чиле со 2-0 го доби полуфиналниот натпревар против Колумбија и се пласираше во финалето каде што ќе се бори со Аргентина за одбрана на трофејот од Копа Америка.

Реприза на минатото финале од Копа Америка, Чиле и Аргентина ќе се борат за големиот континентален трофеј.Чиле со 2-0 ја победи Колумбија, натпревар добиен уште во воведните минути.Резултатот го отвори Арангуиз во седмата минута, а четири минути подоцна Фуензалида ги постави конечните 2-0.

Колумбијците се обидуваа да се вратат во натпреварот но не успеаа, нов удар доживеаа во 57. минута кога Санчез заработи втор жолт картон.

Извор: РСМ

#Коментари