четврток, 27 април 2017  |  Вести денес: 0

Мартина Михајловска возеше Сегвеј: Професионално сум една, а приватно друга личност!

TON_0844

Ја нарекуваат македонската Ева Мендез, а нејзината убавина и харизма секојдневно ги краси тв екраните.

Иако има само 18 години, Мартина Михајловска смело зачекори во медиумскиот етер и внесе нова енергија и свежина, која не остана незабележана од пошироката јавност. За себе ќе каже го живее сонот на секој тинејџер, но од досегашните резултати, веруваме дека иднината и е исполнета со уште поубави и амбициозни проекти.

TON_0825

Покрај обврските кон естрадниот тв магазин Бекстејџ, таа паралелно работи на модни проекти, а пак за необичното искуство со Сегвеј, вели дека е само едно од многуте, кое и причинува забава и задоволство. Но, за да ја запознаете Мартина одблиску, прочитајте го интервјуто во продолжение:

На седумнаесет години за прв пат застанавте пред камерите и тоа како дел од тим на убави девојки и жени и проект кој години наназад е синоним за професионалност и успех во македонскиот етер. Колку се промени вашиот живот откога станавте дел од семејството на Бекстејџ?

– Една година како сум дел од семејството на Бекстејџ, медиумски естраден тв магазин, каде за брзо време се случија убави промени во мојот живот и се уште сум дел од тимот, така што самата јас бев желна да ги прифатам внимателно сите промени, да се соочам со едно ново поглавје, ново искуство, нови околности, нова екипа. За прв пат да се најдам во улога на водител, да научам многу нови работи, да се изградам како личност и сето тоа добро да се одрази во иднина.

TON_0819 (1)

Сите оние кои работат во телевизии се вљубуваат во магијата да се биде пред камерите. Какво е чувството да знаете дека илјадници фанови секојдневно го гледаат вашиот лик?

 -Секој дел си носи своја убавина, ми годи сето тоа. Бекстејџ е естраден магазин каде емисиите ги гледа маса на народ, а токму јас и мојата колешка Миа Костова истиот го претставуваме. Мене ми е посебно драго, се трудам и максимумот го давам од себе за луѓето и фановите кои секојдневно не пратат, да гледаат квалитетни и современи емисии, да ги претставам во најдобро светло, бидејќи секое успешно сработено дело на крај те исполнува. Чувството е многу убаво.
TON_0823

Покрај обврските во Бекстејџ, паралелно работите и на модни видеа и фотосесии. Што ново се „крчка“ на тој план?

 -Да, паралелно со Бекстејџ работам активно и како фото-модел, работам на фотосесии, кампањи и актуелните модните видеа, кои ги работам заедно со Зоран Зонде Стојановски. На тој план спремаме уште едно ново видео, кое во најскоро време ќе излезе како официјален видео ремикс за песната на Inna – „Heaven“ , со малку поинаква и силна приказна. Се надевам ќе ви се допадне.

TON_0838

Што значи тинејџерка да биде успешна во светот на возрасните? (жртви, предности, слабости на популарноста)

– Тешко е да се објасни тоа, бидејќи автоматски со самата таа помисла дека си успешен, автоматски и си одбивен кај дел од луѓето. Особено успешен на 18 години, воопшто неприфатливо … гневот и љубомората се често пред добрината и убавата мисла и веројатно тоа се слабостите. А предностите се тоа што јас сум среќна, длабоко во себе знам и сум свесна каде припаѓам и сум благодарна за се што сум постигнала до сега. Потсвеста ми е чиста, што значи нема поубаво нешто од тоа да си среќен и успешен тинејџер, само добро да се негува.
TON_0821 (1)

Дали во иднина планирате да продолжите да градите кариера во медиумите или пак имате пасија за кариера во друга сфера?

– Она што го работам сега како водител и фотомодел дефинитивно не сакам да застане и сум на правото место. Јас се пронаоѓам таму и тоа ме исполнува, но не значи дека немам и други желби. Има и многу други интересни работи што не се поврзани со медиумите, но се што треба да биде ќе си дојде, не знаеме каде ќе не однесе иднината и што ќе биде следно, ама сигурна сум дека ќе биде нешто што ќе сакам да го работам
TON_0855

Патики или чевли на висока потпетица?

– Се зависи за која пригода станува збор, но генерално патиките ми се број еден, многу ми се допаѓа оној „casual” стил токму со патики, поточно мојот стил. Така се чувствувам најслободно и отпуштено, но ќе излажам и ако кажам дека не ги сакам чевлите на висока потпетица

TON_0852

Колку популарноста влијае на вашата приватност, односно дали ви недостасува време за себе и најблиските и дали момчињата имаат храброст да ви пријдат?
– Професионално треба да си една личност, а приватно друга, односно онаа својата. За да функционираш полесно кога е во прашање популарноста, многу зависи како ќе се поставиш во дадени ситуации. Има голема разлика кога си популарен и кога не си, но добро се снаоѓам за сега и немам никаков проблем. Секогаш гледам да најдам време за себе и за најблиските, страшно ми е потребно тоа, а онаа тема за момчињата ќе кажам дека се случува да ми пријдат, но почесто е онаа виртуелна комуникација веројатно бидејќи е полесна.

TON_0819 (1)
Какво е чувството прв пат да возите Сегвеј?

– Сегвеј е една од најдобрите патни направи што е измислена последните неколку години, која воопшто не те изморува, а толку добро те смирува и психички и физички, да не посакаш да престанеш да се возиш.

TON_0851

Кога би можеле да одберете, би одбрале автомобил или пак оваа направа на две тркала?
– Не би можела да направам споредба помеѓу Сегвеј и автомобил, бидејќи се две многу различни поими и за различни употреби, но кога би одбрала дефинитивно би било Сегвеј, затоа што навистина многу е поедноставно, а чувството е неверојатно.

TON_0850

Возењето на Сегвеј е ново искуство за вас, па во тој контекст колку прифаќате предизвици?
– Па секогаш различно, не секогаш прифаќам и не секогаш сум сигурна за предизвици, но брзо надминувам страв во такви случаи, а имам голема желба да летам со параглајдер, што верувам ќе го искусам и тоа во скоро време. Па со оглед на мојата желба тоа е и повеќе од предизвик.

TON_0832
Дали и на кој начин би го препорачале Сегвеј?
 – Доволно е секој само да проба да го искуси Сегвеј, барем на кратко, за во истиот момент да посака и да го купи, го препорачувам на сите бидејќи во спротивно, многу пропуштаат!

Разговарала: Бојана Нојиќ
TON_0827

TON_0893

TON_0866

TON_0862

TON_0844

#Коментари
[fbcomments]