недела, 19 февруари 2017  |  Вести денес: 53

Дејан Блажевски: Не може секој да ги носи боите на ФК Вардар!

DSC_0084

Фудбалската авантура ја започнува, а се надева и дека ќе ја заврши во Вардар. Напаѓач со богато портфолио зад себе, кој иако изгледа борбено на теренот, во приватна атмосфера е пријатен соговорник, кој не само што знае да го цени тоа што го поседува, туку и искрено и несебично, знае да сподели искуство од минатото, а и да се радува на успесите на своите колеги и соиграчи.

Дејан Блажевски поради повреда не замина со својата екипа на подготовки во Австрија, но добриот дух, расположение и трпението, придонесоа тој да не спадне со духот, туку напротив, со нетрпение да очекува повторно да заигра.

DSC_0059

Ние имавме можност одблиску да го запознаеме Блажевски, па и квалитетно да го испотиме во фитнес центарот на Спортската сала „Јане Сандански“, која располага со најсовремена теретана и услови не само за спортистите, туку и за сите оние кои, сакаат да ја доведат телесната форма до совршенство, а по пат и одблиску да се запознаат со некои од нашите познати спортисти.

Преку интервјуто ќе се обидеме да ви пренесеме дел од атмосферата, а ќе може да прочитате и за неговата досегашна кариера и достигнувања, предвидувања за актуелното ЕП, но и да ѕирнете во неговата приватност….

DSC_0056

Вардар полека прерасна во еден гигант, со инфраструктура и услови идеални за секој спортист. Веќе година ипол сте дел од овој тим. Колку сте задоволен од условите и кои се вашите очекувања во пресрет на новата сезона?

Веќе втора година сум во Вардар и сум многу задоволен. Уште кога дојдов, бев на разговори и се ми беше објаснето, а и знам каков клуб е бидејќи ми е матичен клуб. Од дете сум во црвено –црниот дрес  и сега се вратив повторно, за да завршам тука. Македонскиот шампион прераснува во голем клуб. Со новата база, сме рамо до рамо со европските клубови, а тоа полека  се одразуваат позитивно и врз резултатите. Сега треба  да се покажеме во Европа. Моментално противник ни е Динамо и мора да дадеме максимум, бидејќи имаме играчи со искуство од Европа. Имаме амбициозен тренер, сега се е професионално и редно време е јавноста да види дека не е се во парите, туку и дека има играчи со квалитет.

DSC_0079

Го споменавте Динамо Загреб, исклучително тежок противник, а ќе биде интересно и во Првата македонска фудбалска лига. Се враќа Пелистер, Шкендија постојано е во трка со Вардар во однос на вложувањата во фудбалот. Ваше мислење во пресрет на натпреварот со хрватскиот шампион и пред почетокот на новата натпреварувачка сезона?

Се вратија Победа, Македонија Ѓорче Петров, Пелистер… ќе има дерби натпревари и  се надевам голема публика  со што ќе стане поквалитетно и повозбудливо првенството. Динамо Загреб е една голема екипа, знаеме дека долги години е шампион во Хрватска, има голем буџет и играчи. Сепак и ние сме најдобри во Македонија. Ќе биде тежок натпревар и ќе одлучуваат нијанси.

DSC_0081

Најсветлите моменти ги имавте во Хоризонт Турново. Оние кои го следат Вардар, знаат дека сте дете на црвено – црниот тим, а имате играно и во Пелистер и други тимови.  Малку за вашата досегашна кариера?

Прв клуб ми е Вардар. Од 7 години до 18 години, но тогаш беше сосема поинаку.  Кога имаш 18 или 19 години, те пуштаат на калење, па ако си добар те враќаат назад. Јас кога наполнив 18 години, мислам дека тренер беше Ѓоко Хаџиевски и тогаш Вардар имаше квалитетна екипа. Ние бевме 4 или 5 играчи кои потпишавме професионални договори. Јас одлучив сам да си одам, бидејќи сакав да одам во друг клуб. Заминав во Брегалница Делчево и  ме ставија како џокер, а,таму бев  6 месеци, па во Турново и од таму во Пелистер две години. Тоа беа убави две години, па што се преселив во Грција 4 години. Потоа се вратив во Македонија и требаше да потпишам за Вардар,но не се договориме со Илчо Ѓеоргиевски кој беше тогаш тренер на шампионот, не можевме да најдеме заеднички јазик, па заминав во Турново. Таму одиграв година ипол,за  потоа да заминам во Азербејџан и да останам година дена. Додека бев таму комуницирав со Вардар и го прифатив договорот.

DSC_0086

Паузираш поради тешка повреда. Каква е моменталната здравствена состојба и кога може да те очекуваме назад на теренот?

Сега за сега се е супер. Според прогнозите треба да се вратам во септември на фудбалските терени.

Кога е во прашање репрезентацијата официјално стои дека имате 3 настапи, но си повикан 10 пати во националниот дрес?

Веднаш на дебито имав погодок, повикан сум повеќе пати, но се важи кога си влегол. Се надевам дека повторно ќе добијам шанса да го носам националниот дрес иако конкуренцијата во нападот е голема.

Дали мислите дека имаме иднина и потенцијал за нашиот национален тим, бидејќи младите покажуваат добри резултати и полека се уфрлуваат во првиот тим?

Да тие се најголемата надеж. Репрезентацијата до 21 година направи голем успех, а истото важи и за селекцијата до 16 и 18 имаат голем квалитет. Македонија има квалитетни играчи.

DSC_0090

 

Што мислите за новиот селектор Игор Ангеловски ?

Него му треба малку време. Тој не ја зема репрезентацијата од 50 место, па да стигне до 150. Тој ја зема во најлош момент, го врати Пандев,пробува да направи нешто и само треба време. Репрезентацијата беше во криза и мислам дека тој ќе успее да направи квалитетни промени и да го врати нивото кое Македонија го заслужува.

Актуелно е ЕП. Според Вас каков е квалитетот на фудбалот, бидејќи според статистиката има малку погодици и кој ти е фаворит?

Сите играат според тактиката. Италијанците се дефанзивно ориентирани, па мора да се менува тактика. Англија изигра многу слабо со Исланд, која играше затворено. Против секоја екипа мора да правиш различна тактика, некои имаат отворен, некои дефанзивен фудбал, бидејќи немаат напаѓачи како Португалија и Франција. Тие немаат потреба да менуваат тактика, затоа што  имаат квалитетни играчи. Наметнуваат нивен ритам на игра и другите треба да се бранат. Шпанија испадна иако има квалитетни играчи, а Италија покажа дека не е се до имињата. Немам фаворит бидејќи многу репрезентации играат променливо. Франција држи ниво, Белгија има добра екипа. Мое мислење е дека во финале ќе влезе Германија, а можеби и Франција , а кој ќе го освои првенството навистина не знам.

DSC_0093

Вардар нуди совршени услови за спортистите, па кажете ни од што се состои режимот на исхрана, вежбање, тренинзи?

Секој спортист мора да внимава на исхраната. Тоа е највлијателен фактор, бидејќи ако не јадете правилно може да качите килограми и да немате енергија. Тренинзите се професионални и редовни, бидејќи ако не сме спремни, се случуваат повреди и паѓа формата. Тренинзите мора професионално да се обработат два до три часа на ден, за да нема последици понатака и за да се биде во посакуваната форма.

Дали сметате дека во последните неколку години кај младите особено се разви свеста за физичка активност или пак тоа е само тренд за пролетно – летниот период?

Во спортската сала каде што тренирам, доаѓаат многу млади луѓе. Хит е возењето велосипед и тоа е добро за слабеење. Но, има луѓе кои тренираат константно и други кои тренираат 3/4 месеци, па паузираат, се поправаат, па пак тренираат…Некому е хоби, некому животен стил.

DSC_0110

Се случува ли често да побараат совети од вас?

Помладите играчи се случува да ме прашаат за совети за вежбање и исхрана или дали да излегуваат или не. А прашуваат и обични луѓе, а ние професионално им одговараме.

Се сеќавате ли на првиот натпревар, на чувството да ги браните боите на одреден тим, адреналинот и навивањето на публиката?

Адреналинот е голем и спласнува од натпревар на натпревар, но секој си има своја тежина. Колку и да не сакаш, мотивацијата те понесува. Тоа е сепак работа. Првиот професионален натпревар ми беше за Брегалница Делчево и беше пред  дванаесет  години.

DSC_0137

Колкав предизвик е да се бранат боите на црвено – црните?

Најголем. Вардар е најголем клуб во Македонија, со многу титули, со добри играчи, односно тој е македонски бренд, како што се Динамо и Хајдук во Хрватска, Партизан и Црвена Ѕвезда во Србија. Не може секој да ги носи боите на Вардар, тоа е голема чест и привилегија. Да се игра во Вардар во Македонија е како да се игра во некој голем клуб во Европа.

Покрај професионалниот успех, Вие сте женет и татко на две деца, односно реализирана личност во секој поглед. Но, ако направите паралела од самиот почеток до сега, дали мислите дека го живеете посакуваниот сон или пак сликата не е се уште целосна?

 Кариерата има падови и подеми. Секој има свој сон. Ете и јас може имав сон да играм за Барселона, но тој сон тешко се исполнува, треба среќа и многу работи да се исполнат. Јас сум сепак задоволен, бидејќи има подобри играчи што не направиле кариера. Среќата е се во фудбалот. Затоа секој со својата среќа. Тука имам уште година ипол и мислам дека и тука ќе ја завршам својата кариера.

DSC_0101

Доколу вашиот син посака да тргне по ваши стапки, дали би го поддржале или би му препорачале да гради кариера во друга сфера?

Него го влече топката, постојано игра фудбал. Фудбалот е добар за запознавање на луѓе, ќе живее спортски живот, ќе прошета и тоа ќе придонесе да се оформи како личност. Мене ќе ми биде мило доколку се одлучи и успее во фудбалот, но се зависи дали ќе има талент и желба. Тој е се уште мал, можеби во иднина ќе сака нешто друго. А ако одлучи да биде фудбалер, јас ќе бидам негов тренер.

Дали и вие сте дел од оние мажи кои ги предупредија сопругите за тоа кој го поседува далечинскиот управувач?

 Па не. Откако започна ЕП ретко гледам дома, бидејќи тука се децата и тие тогаш сакаат да се играат со мене, па јас со другари излегувам во најблиското кафуле или ресторан  за да гледам натпревар.

DSC_0068

Дали ја негувате романтиката во бракот и со што ја изненадувате вашата сопруга?

Мора да се покаже љубов. Знам да ја изненадам со цвеќе или да ја однесам во ресторан без да знае. Да ја изненадам кога ми е налутена со некој поклон. Има различни моменти.

Колку тетоважи имате и дали наскоро планирате да го украсите телото со нова?

Имам тетоважи на двете раце и на грбот. Кога ми се роди синот бев во Грција, па го истетовирав неговото име на едната рака. Сопругата ми се налути зошто го нема името на ќерка ми, па и нејзиното име го истетовирав.. Во иднина планирам секако уште некоја, но тоа кога ќе залади времето, а зависно и од професионалните обврски, бидејќи тетоважите бараат одржување. Направив и тетоважа со буквата од името на сопругата, кое е замена за бурма.

DSC_0035

Надвр од спортските терени, какво стил негувате и кои ви се омилени брендови?

Често носам часовник, го  носам од навика и го вадам само на спиење. Обетките носев како дете, па потоа ги извадив, па синот стави обетка и тој ме натера повторно да носам обетка. Негувам спортски стил а во однос на брендовите Армани, Дискверд, односно зависи што ќе ми се допадне. Носам различни брендови или пак може и да купам нешто и што не е бренд, ако ми се допадне.

DSC_0038

Пред почетокот на новата сезна, што би им порачале на вашите симпатизери, фанови и поддржувачи?

Нашите амбиции се да ја освоиме двојната круна., но пред тоа да покажеме посветло издание во Европа, а со тоа ќе ја вратиме и публиката на трибините. Мислам дека со овие дерби натпревари ќе порасне интересот и ќе има поголема публика, а ние треба да направиме добар резултат во Европа за да ја вратиме довербата. Редно време е да го освоиме Купот, бидејќи долго го немаме освоено. Секако тука е двојната круна и со тоа да ја задоволиме публиката- заврши во своето интервју фудбалерот на Вардар.

Разговарала: Бојана Нојиќ

DSC_0117

DSC_0136

DSC_0134

 

DSC_0102

DSC_0115

DSC_0127

DSC_0128

DSC_0113

DSC_0118

DSC_0112

DSC_0114

 

#Коментари

Коментари

коментари