понеделник, 23 јануари 2017  |  Вести денес: 72

Анита Даева: „Божилак“е албумот кој ја носи мојата музика и мојот најсакан пејач

Новинарката Анита Даева, уредникот и водителот на утринската програма  „Ја сакам Македонија“ која се емитува на Телевизија Сител, за читателите на Вистина.мк ја даде својата лична препорака.

foto 03

Наслов на филм и жанр: Не сум некој зависник од оваа уметност. Помеѓу книга,музика и филм, филмот е мојот последен избор, но  кога веќе одбирам, филм кој ме има „заробено“ е „После ветувањето“. Во оваа драма се раскажува за страдањето на таткото и неговите 4 сина  на кои мајката им умира. Филмот ја доловува борбата на таткото кому нечесно ќе му ги земат децата и тие раснат во сиропиталиште. Дисциплината во сиромаштијата на семејството Џексон е она што ме растажи но и испровоцира.Филмот го имам гледано само еднаш и тоа пред некој добри 20 години.

Ги сакам филмовите во кој главниот збор го има Харисон Форд.

3578968_640px

Книга и автор: Бесконечноста на  мислите  ограничени  во редови. Читам се. Не сакам книги на кој треба првите три страни двапати да ги препрочитувам, туку книги кои се „ексираат“ одеднаш. Немам омилен писател ,,ги сакам сите кои ми дозволуваат додека ги читам да сум јас главниот лик да се соживеам со секоја следна страна. Мојот избор е  Ог Мандино „Најголемиот трговец на светот“. Четиво за животот и најсилното нешто што дише во нас, вербата….И уште една „Врела месечина“од Мемпо Ѓардинели, кога страста преоѓа во  солзи. Оваа книга им ја препорачувам на сите девојки.

DSCN2408

Име на музички албум:  „Еј мори моме како да речам за Солуна за Стамбол. Битола не давам“, овој стих отпеан од Тоше…Еднаш-засекогаш…„Божилак“е албумот кој ја носи мојата музика и мојот најсакан пејач, Тоше Проески.

4toska

Неговата единственост уникатност во изведбата на македонските приказни раскажани во ноти. И по 100 години пак да ме прашате Божилакот ќе биде мојот избор .

Морам даго потенцирам и албумот кој  деновиве се слуша Македонското девојче, прашувајќи се „Кој да и запее ме расплака како да сум се разделила од нешто толку мое засекогаш!“. Секоја чест за песните на Каролина.Одамна не сме имале така силна женска песна…

hitportal-karolina-goceva-calgiska

 

#Коментари

Коментари

коментари