недела, 22 јануари 2017  |  Вести денес: 0

Водителката Елена Романова: Го обожавам саундракот на „Пред дождот“

Водителката на утринската програма на City радио Елена Романова ја даде својата лична препорака за Вистина.мк.

183536_1889832125773_6104434_n

Kнига – Ја обожавам „Тунел“ од Ернесто Сабато. Во принцип сум љубител на жанровите кои спаѓаат во категоријата на психологија или трилер. „Тунел“ претставува една совршена симбиоза токму од овие два жанра.

Покрај приказната која е навистина интересна, Сабато дава една совршена порака за животот и за тоа колку се бориме со самите себе. Освестува!

EL-TUNEL

Филм – Филмот „Quills“ ме остави без зборови! Маркиз Де Сад е човекот кој владее во филмот. Ме фасцинира неговото дело и борбата да го смени размислувањето кај луѓето кои владеат во тоа време.

Што се човек ќе направи за да стане познат и од тоа да се храни? Која е целта на постоењето на човекот кој не е прифатен во општеството? – Се дел од темите кои се испреплетуваат низ ова генијално дело.

quills

Изведувач – Македонската група Anastasia.

anastasija

Aлбум – „Melourgija“ и „Nokturnal“, се разбира, и саундтракот за „Пред дождот“. Ова се албуми со кои пораснав и кои ме научија за филозофијата на животот, сето она кое е лошо, го гледаме и не сакаме да го прифатиме.

Жалам што повеќе не творат, но се радувам бидејќи се занимаваат со соло проекти, каде што ја покажуваат својата креативност и ја пренесуваат својата порака.

artworks-000045357762-kijmdc-t500x500

#Коментари

Коментари

коментари