понеделник, 21 август 2017  |  Вести денес: 67

(ВИДЕО) Погледнете го трејлерот од новиот филм „Ослободувањето на Скопје“

 

ons2

Филмот „Ослободувањето на Скопје“ ќе го отвори годинешното издание на ИФФК „Браќа Манаки“, а новиот слоган на фестивалот што годинава се одржува од 10 – 17 септември во Битола, е Movie On – Feel the light, Feel Bitola (Почувствувај ја светлината, почувствувај ја Битола).

ons

Новиот македонски филм е копродукција со Хрватскиот аудио визуелен центар, Филмскиот фонд на Финска и финската национална телевизија YLE, а е поддржан од Европскиот филмски фонд за копродукции „Еуроимаж”.

Screenshot_19

Директор на фотографија е Дејан Димески, автор на музика Влатко Стефановски, монтажер Николас Гастер, дизајн на продукција Иван Бартлинг, костимографија Жељка Франуловиќ, а кастингот е на Киријана Николовска. Продуценти се Роберт Насков, Горјан Тозија, Владимир Анастасов и Игор Нола.

Screenshot_20

Во главните улоги настапуваат првпат на филм, 11 годишниот Давид Тодосовски и веќе потврдените и искусни актерски имиња на Силвија Стојановска, Раде Шербеџија, Луција Шербеџија, Небојша Глоговац, Мико Ноусаинен, Петар Мирчевски, Јани Вирман, Денис Абдула, Аксел Мехмед, Дејан Лилиќ и други. Овој филм е снимен според познатиот текст на Душан Јовановиќ, а сценариото е на Душан Јовановиќ и Раде Шербеџија.

Погледнете го  филмскиот трејлер за „Ослободување на Скопје”.

#Коментари