понеделник, 23 јануари 2017  |  Вести денес: 72

Влатко Илиевски: Полека започнувам нова музичка приказна во Белград, па за таму би го заменил автомобилот со Сегвеј! (фото)

TON_0622

Популарниот рокер кој македонската публика го запозна пред се како фронтмен на групата „Морал“,  од самите почетоци до денес постигна успех како на музичката, така и на театарска сцена, го промени имиџот, но не планира во блиска, а ни подалечна иднина, некоја девојка да ја направи госпоѓа Илиевска.

Младиот актер и музичар Влатко Илиевски слободното време го користи за престој во српската престолнина, а за тоа дали родното Скопје ќе го замени за Белград, што ново можеме да очекуваме на есен, како и искуството со Сегвеј прочитајте во продолжение:

Сегвеј е сосема ново искуство за Вас. Какво е чувството за прв пат да се вози една ваква направа?

Најискрено да кажам, прво бев малку исплашен дали ќе можам да одржам рамнотежа и дали воопшто ќе можам да го возам, бидејќи никогаш ни мотор не сум возел…. Но не верував дека за неполна минута веќе ќе летам низ центарот на Скопје, како да е дел од мене. Навистина прекрасно искуство!

TON_0608

Дали би го замениле автомобилот за уживање на две тркала?

Секако дека да. Навистина е лесно за управување,а трактивно, а за градските гужви комотно. И компактно за секаде да можеш да стигнеш, а и да уживаш со ветерот во лице.

TON_0630

Што е тоа што Ви се допадна за Сегвеј и како би го препорачале на своите пријатели?

Ми се допадна прво дека е многу стабилно и сигурно и дека лесно се управува. Јас веднаш се пофалив и покажав слики на голем број пријатели. Сите беа воодушевени и им препорачав задолжително да го пробаат и во иднина да го користат Сегвеј.

TON_0625

Дали мислите дека Сегвеј би можел да најде практична примена во вашата професија, на пример при снимањето на филм или видео запис?

Па уште на првиот круг додека го возев, ми дојде идеа за снимање спот. Навистина, оваа направа може да замени голем дел на техника од видео опремата како фарови, кранови, стедикем… Секако дека може да се искористи и баш ќе ми биде мило.

TON_0607

Наскоро „Морал“ прави камбек на музичката сцена. Може ли да ни откриете детали за новиот албум?

Албумот е веќе готов се завршуваат последните припреми како спремање омот или некој мастер на песните, а она што ќе го слушнат слушателите ќе биде класичен добар рокенрол.

TON_0640

Неодамна настапувавте во Кратово, па имавте можност да се подружите со легендарниот Бора Чорба. Колку неговото достигнување на музички план е предизвик за Вас?

Голем фан сум на музиката на Бора. Јас се знам многу години со целата екипа на „Рибља чорба“, а нив ова им беше прв настап во Кратово и беа воодушевени. И тие и уште многу други бендови имале многу влијание на мене, а најмило ми е што ги познавам лично.

TON_0606

Што има ново околу трибјутот на песните од „Бјело Дугме“?

Да,  во Дојран на Пиво фестот ќе настапам со проект кој се вика „Бјело Дугме трибут“ што значи ќе свириме нивни песни. Веднаш потоа имам настапи во некои клубови во Белград, а на есен ќе го издадам мојот четврти соло албум.

TON_0616

Ве гледавме во улога на водител на квизови и забавни емисии. Дали може наскоро да очекуваме нов ТВ проект?

Па има некои идеи и планови, веќе одамна сакам да направам една музичка емисија каде што покрај познатите гости ќе се промовираат и многу млади македонски музичари, но за тоа после есен.

TON_0613

Професионално сте актер, па кое е најновото остварување на овој план?

Најново е премиера на филмот „Златна петорка“  кој се снимаше минатата година. Својата премиера ќе ја има во месец август во Македонија, а понатаму на некои од светските фестивали.

TON_0626

Планирате ли наскоро да се збогувате со ергенскиот живот?

Не, мислам дека никогаш нема да се збогувам… Убаво ми е вака!

Не сакате да возите мотор или да одите на одмор на море или планина. Дали може да ни откриете уште неколку интересни работи за себе?

Уфффф… Па сакам да сум во гужва, во голем град, но скриен на некое мое место со мои луѓе, со кои сме на иста фреквенција и најстрого е забрането да слушам муабети за политика во мое друштво. Кој ќе почне, во иста секунда го бркам да напушти маса и сакам да си легнувам многу рано, во последно време за да го фатам следниот ден од почеток цел.

TON_0603

Неретко сте на релација Скопје – Белград, па дали можеби во иднина би ја смениле и локацијата на живеење?

Мислам дека полека во следниве месеци ќе почнам да ја менувам локацијата повеќе накај Белград и тука да почнам една нова голема музичка приказна, која ја подготвувам веќе неколку години.

Ви недостасува ли долгата коса и дали планирате да го вратите стариот имиџ?

До пред месец дена повторно ми подрасна и можев да ја врзам во опавче ама не знам некако не ми прави веќе разлика дали ми е долга или кратка. Мислам дека секогаш кога сум нешто нерасположен или нервозен ја пипкам прво косата и ја кратам, но може во иднина и да ја оставам, па пак да биде долга, ќе видиме!

TON_0648

Разговарала: Бојана Нојиќ

 

#Коментари

Коментари

коментари