четврток, 27 април 2017  |  Вести денес: 0

Маја Вукиќевиќ: Ми се допаѓа еколошката страна на Сегвеј! (фото)

TON_0439

Иако ја „ситни“ четвртата декада од животот, Маја Вукиќевиќ е се уште онаа згодна русокоса, која предизвикува внимание каде и да се појави. За себе ќе каже дека била палава како дете, но сериозна мајка, која кариерата ја става во втор план, кога се работи за семејството.

Многумина ја знаат само како пејачка, па токму затоа во продолжение ќе можете поконкретно да се запознаете со нејзините почетоци, искуства и животни авантури. Тоа што можеме со сигурност да го кажеме е дека Маја направи сериозни примени на професионално поле и тоа ја исполнува во секој сегмент.

TON_0433

Неодамна летавте со параглајдер, а сега за прв пат возите Сегвеј. Дали со текот на годините се зголеми апетитот за нови предизвици и авантури?

Ќе бидам искрена,  како дете бев многу палава, возев скејтборд, се спуштав со велосипед од невозможни места,  возев мотори, но откако станав мајка сето тоа се смени. Кога ќе се сетев што јас правев како дете и како сум можела да бидам повредена, едноставно го сменив начинот на размислување и се посветив на воспитување на мојот син –Горазд, иако мојот долгогодишен семеен пријател Виктор Боев и неговата сопруга при секоја наша средба ме убедуваа да полетам. Сега Горазд е веќе возрасен и знае сам да се чува, па затоа по моето летање со параглајдер, следната недела и тој леташе. Знаев дека ќе посака веднаш кога ќе ме види мене, па така мојата дамнешна желба ја пролонгирав, до моментот додека јас не бев подготвена за неговиот лет, а за доживувањето напишав репортажа која ќе можете да прочитате во следното издание на “Теа модерна”.

TON_0447

Какво е чувството за прв пат да возите Сергвеј?

Воопшто не беше голем предизвик и брзо го совладав возилото. На прв поглед не изгледаше едноставно , но кога почувствував сигурност,  тогаш стана вистинско уживање, како да се вратив во детството.

 

Колку мислите дека оваа направа би можела да се вклопи во секојдневното ваше функционирање и извршуавње на обврски ?

Пред се ми се допаѓа еколошката страна на возилото, а сепак сметам дека е потребно малку искуство за безбедно да се вклопите во сообраќајот, но мислам дека  сето тоа брзо се совладува.

 

Што ви се допадна кај оваа направа и како би ја препорачале на ваши пријатели?

Сегвејот е забавен, сигурен и брз начин на превоз. Навистина уживав додека го управував.

 

На почетокот на оваа година станавте дел од тимот на „Теа Модерна“. Дали е тешко да се пронајде интересна приказна која би ги задоволила интересите на читателите?

Среќна сум што ми се укажа можност да го работам она што го сакам и што ме исполнува. Магазинот го читам од самото негово постоење, а изминативе 6 месеци, на мое големо задоволство станав и дел од новинарскиот тим на “Теа модерна”. Работам со прекрасни новинари, од кои учам секојдневно. Знаете, секој почеток е тежок, но колегите брзо ме прифатија и благодарение на нив ги совладав сите потешкотии со кои се среќавав на почетокот. Покрај нив од ден во ден станувам се посигурна, и веќе можам да се впуштам во поголеми новинарски предизвици.

TON_0415

Колку новинарската професија придонесе да се промени вашиот животен стил?

Малку ми беше чудно на почетокот кога требаше да се претставам пред соговорниците и да побарам интервју, бидејќи дотогаш сите ме познаваа само како пејачка. Иако новинарската работа е тесно поврзана со она што цел живот го работам, сепак во многу нешта се разликува. Го променив начинот на размислување, па сега во секоја случка барам инспирација за нова приказна.

 

Пред 20 години работевте како презентер во Македонската Телевизија од каде потекнува љубовта кон камерите, па направивте пауза од новинарството и бевте поактивна на музички план.  Размислувате ли во иднина повторно да бидете дел од некоја тв куќа?

Не сум размислувала на таа тема, мислам дека за сега е доволно да се појавувам на телевизија ако имам нова песна, но никогаш не се знае што носи утрешниот ден.

 

Колку е тешко денес квалитетната содржина да дојде до пошироката јавност кога секој може да биде креатор на јавното мислење?

Отсекогаш сум сметала дека новинарската професија е исклучително одговорна работа, бидејќи тие се креатори на јавното мислење. Лично мислам дека секоја вест која ќе се  пласира во јавност, треба да биде со цел на подигање на свеста кај јавноста, без разлика на која тема и да се пишува. Информациите кои служат само за зголемување на читаност, понекогаш имаат сензационалистички наслов, а содржината не користи никому, па дури и често  знаат да направат штета.

TON_0409

 

Имавте изјавено дека носите облека со потпис на македонски дизајнери, односно дека најчесто соработувате со Мила Кадриу. Во тој контекст,  сметате ли дека македонската мода е во тек со светските трендови или прилагодлива според нашите стандарди?

На почеткот на годинава преку проектот во кој македонските модни дизајнери заедно со  “Теа модерна” им подарија  27 креации на матурантите од цела Македонија, имав можност да се запознаам со нивната работа, и можам да забележам дека тие одамна се веќе се рамо до рамо со светската модна сцена . Соработката со Мила Кадриу трае веќе неколку години, таа е голем уметник  и знае што сакам и што ми прилега, а сега подготвуваме креации за новиот видео запис.

TON_0335

Кон крајот на минатата година Вашиот син стана апсолвент на економскиот факултете на УКИМ. Дали Горазд некогаш покажал интерес да биде јавна личност и како се носи со Вашата кариера?

Горазд имаше неколку настапи на дестките фестивали и прекрасно пее. Откако настапи на изборот за песна на детската еврозвизија, брзо му помина желбата за музичка кариера, иако секојдневно заедно пееме по дома. За него мојата професија е секојдневие,  и тој се радува на моите успеси.

TON_0432

 

Како успевате да бидете  професионално активни и  успешен родител истовремено?

Имаше период кога бев посветена повеќе на семејството, а музиката кариера ја ставив во втор план. Како самохран родител, веднаш знаев дека нема да можам и во двете работи да го дадам максимумот од себе, затоа донесов одлука, и на прво место го ставив семејствотото. Сега на Горазд се помалку му требам и можам повеќе да се посветам на работата. Нема поубаво чувство во животот кога го гледате своето дете како станува возрасен човек и оди по вистинскиот пат, тоа го сметам за моја најголема награда.

TON_0333

Важите за една од најубавите и најзгодни македонски пејачки, која води сметка за сопствениот изглед. Но дали би направиле драстична промена, на пример од русокоса да станете бринета?

Ви благодарам за убавите зборови, но сепак не верувам дека некогаш ќе ја променам русата коса. Тие експерименти завршија во тинејџерските денови, сепак мојата природна боја е темно-руса и мислам дека таа најмногу ми прилега.

 

Откако се вработивте како новинар, музиката падна во втор план. Може ли наскоро да очекуваме нешто ново?

Минатата година настапив на три фестивали и издадов еден песна, а во првата половина од оваа се посветив на новинарството.  Сега веќе сум подготвена и двете работи да ги работам напоредно.

Разговарала: Бојана Нојиќ

TON_0439

 

 

 

#Коментари
[fbcomments]