петок, 28 април 2017  |  Вести денес: 81

Тричковски го сквернави Илинден, а тоа му се допаѓа на членството на СДСМ

b.trckovski

Бранко Тричковски го сквернави Илинден, а членството на СДСМ тоа го лајкува.

 

Бранко Тричковски, идеологот на СДСМ и Шарената револуција, на својот Фејсбук профил објави:

“Да победеле комитите во илинденското востание, Македонците ќе виделе што е вмровско ропство уште пред 113 години.“

trickovski-fb-ilinden

Овој бесрамен чин  доаѓа во очи на големиот празник Илинден. Со оваа негова објава се сквернави Илинденското востание, херојската смрт на илинденците, саможртвата на Питу Гули и неговата чета на Мечкин Камен, смртта на јунаците од Слива и голем број други знајни и незнајни борци кои своите млади животи ги дадоа за слобода. Очигледно за шарените револуционери и активисти на СДСМ нема ништо свето. Овие зборови на Тричковски се навреда за македонскиот народ, македонската држава, традиција и историја.

Оваа скандалозна објава на Тричковски им се допаѓа на Тито Беличанец, на Мериглен Демири, Љуми Бекири кои се во првите редови на Шарената револуција, како и над 140 други локални фунционери и активисти на СДСМ. Очигледно дека на СДСМ и на нивните “шарани револуционери“ не им е беше доволно фарбањето и сквернавењето на спомениците на историските ликови и настани во Македонија, па сега посегнаа по најдолно плукање на македонската историја.

Срамота!

Ова на Бранко Тричковски не му е првпат. Тој објави Фејсбук статус и после трагичната смрт на македонските бранители во Куманово минатата година кога ги навредуваше полицајците и им посакуваше смрт: „Полицијците кои денеска не успеаа да загинат во служба на Големиот идиот, ќе имаат можност да се ослободат од усраните животи во првата наредна прилика.“

branko-trickovski-divo-naselje

Народот може да види како СДСМ плука по македонската историја, Илинден и македонските жртви. Тоа народот никогаш нема да им го заборави.

Kурир.мк

#Коментари