петок, 28 април 2017  |  Вести денес: 81

Како завршија ликовите и авторот на култниот српски документарец „Видимо се у читуљи“ (ВИДЕО)

Screenshot_19Кристијан Голубовиќ е човекот кого помладата генерација го запозна од српските ТВ реални шоу програми како „Фарма“, а повозрасните го паметат како еден од најпознатите белградски криминалци и единствениот преживеан од култниот документарец „Видимо се у читуљи“ ( Се гледаме на плаката за умрени).kristijan-golubovic-foto-printskrin-1471245633-970103

Во најпознатиот документарен филм за српското подземје од почетокот на 90-ите, покрај Голубовиќ и останатите машки ликови, повеќето од нив сега покојни криминалци како Жељко Ражнатовиќ-Аркан, Александар Кнежевиќ-Кнеле, Михајло Дивац, Горан Вуковиќ, Бане Гребенаревиќ… се појавува и еден многу впечетлив женски лик.

Screenshot_21

Тогаш 15 годишната Соња, имаше многу провокативен изглед и нетипично однесување за една тинејџерка која зборува за животот на висока нога и за тоа како сака да стане познат фотомодел!

Screenshot_20

„Сакам да бидам познат фотомодел. Сите се појавуваат на пет минути и потоа тонат. Јас сакам да бидам постојано позната и сите да ме знаат и да ми се восхитуваат“ – ќе изјави во документарецот малолетната Соња, која во 2001 година ќе биде условно осудена на две години затвор заради поседување поголема количина на оружје од голем калибар. Денес таа се занимава со угостителство и е сопруга на бившиот фудбалер Никола Лазетиќ, додека од претходниот брак со контроверзниот бизнисмен Горан Мариќ – убиен пред две години на Авала, има две ќерки и син.

Screenshot_22

Автор на овој култен документарец што одбележа една епоха е Александар Кнежевиќ заедно со Војислав Туфегџиќ ќе направи филм кој ја отсликува српската стварност во 90-ите години, опишувајќи го животот на белградските мангупи кои ќе станат познати криминалци.

otac-radmilo-aleksandar-knezevic-foto-printskrin-1471245633-970107

„Тие себе си се замислуваат како големи ѕвезди, кои јас се обидував да ги следам на поинаков начин. Сакав да ги запознаам и криминалците и полицајците, а тоа да не биде стереотопен опис. Сакав да објаснам зошто се впуштаат во таквиот живот, а нив ги интересираше да станат славни“ – говореше тогаш Кнежевиќ.
Подоцна, некогашниот новинар и автор на документарниот филм „Видимо се у читуљи“ својот мир ќе го најде во монашкиот живот на Хиландар на Света Гора, земајќи го монашкото име отец Ромило.

#Коментари