недела, 30 април 2017  |  Вести денес: 53

„Фолтин“ – две децении постоење (ФОТО + ВИДЕО)

36b1a05e-47d4-4273-ba5f-98f27606f1dc-foltin-01

Познатата македонска група „Фолтин“ од Битола годинава го одбележува својот 20-ти  роденден, а во текот на летово бендот слави заедно со своите обожаватели, на бројните концерти и настапи на домашни и странски фестивали .

фолтин 20

„Фолтин“ е една од најпознатите групи  и постои од 1997 година. Учествувала на многу музички и театарски фестивали во Македонија, Хрватска, Италија, Австрија, Словенија, Србија, Босна и Херцеговина, Албанија, Франција, Унгарија, Германија, и неколку пати биле наградени за нивната работа. 

Музиката на „Фолтин“ е необична и тешко може да се дефинира, а секој обид да се вметне во некоја музичка категорија е осуден на неуспех (етно-панк, диско, кабаре, клецмер итн.). Музиката на „Фолтин“ обично се опишува како надреална, старасна и жива, со жешка танцувачка атмосфера, која ја постигнуваат со брзите македонски ритми. Иако групата користи стандардни музички елементи, пристапот во градењето на атмосферата е непредвидлив и оригинален.

Музичкиот јазик на „Фолтин“ е имагинарна смеса или фонетска имитација на јазици, како што се: шпански, француски, португалски, романски, таканаречен „спонтан  есперанто“ итн. „Фолтин“ себеси се опишуваат како псевдоемигрантско кабаре и нивните концерти често се претвораат во вистински перформанси. Но, тоа не е воопшто чудно имајќи го предвид фактот дека членовите на групата работеле на музика за театарски претстави.

Составена од Пеце Николовски (кларинет, хармоника), Бранислав Николов (вокал, гитара),Пеце Трајковски (дигитален акордеон), Гоце Јованоски (бас), Славчо Јовев (тапани) иМаријан Станич (перкусии), групата досега има објавено осум студиски албуми: Outre-Mer“(1997), Archimed“ (2000), Donkey Hot“ (2003), Lo-Lee-Taa-Too“ (2005), Оваа трансплантирана машина за чукање досега не типкала љубовно писмо“ (2008), „Penelope X“ (заеднички проект со Никола Коџобашија и Гоце Стефковски, 2011), Антитело“ (2012) и „Пијан славеј“ (2015).

foltin_298986_221075441274140_209411972440487_593256_1428760_n_20155583418

 После одржаните концерти низ Македонија, во Бугарија и во Германија, „Фолтин“ викендов настапи и на првото издание на фестивалот „Тврдина на сонцето“ во Кокино, кој се одржа на 21 август, недела, 2016 г.

#Коментари
[fbcomments]