четврток, 22 јуни 2017  |  Вести денес: 41

(ФОТО) Атракција на две тркала: Ѕвездичката Мартија направи ХАОС на плоштадот во Скопје!

 

 

jjj

Има само 12 години, а пее како искусна ѕвезда со голем музички багаж зад себе. Секоја изведба на „Пинковата ѕвездичка“ од Куманово, Мартија Станојковиќ, предизвикуваше ежење и празник за уши во истоименото шоу, а ретко кој не ја запамети и не стана нејзин обожавател. Ја сакаат и млади и стари, а и по завршувањето на шоуто и освојувањето на второто место, Мартија веќе цели кон големи нешта, односно претставувањето на Македонија на детската Евровизија во Малта која ќе се случи во месец ноември. Во период кога се подготвува на големо за евровизискиот настап,  Мартија го прифати нашиот предизвик за една поинаква авантура од центарот на Скопје, возејќи ја уникатната и урбана направа Сагвеј.

TON_0957

Го прифати нашиот предизвик  да се повозиш со раволуционерниот Сагвеј. Опиши ни го чувството?

Кога најпрвин го видов малку се помислив дали ќе успеам да возам, но за многу брзо време стана дел од мене, така што веднаш посакувам да го имам.

Каква идеја ти падна на памет додека се возеше, ти годеа ли погледите на останатите?

Кога возиш Сагвеј едноставно, не може, а да не бидеш забележан. Модерно е, впечатливо, практично. Со еден збор идеално!

Посакуваш ли едно вакво превозно средство за себе?

Јас имам Ховерборд, така што ги обожама ваквите гаџети. Кога веќе возам нешто слично за по дома, зошто да не и навдор. Јас всушност би сакала да имам повеќе три-четири, зошто да не, така ќе биде позабавно.

TON_0948

Стигна до суперфинале од „Ѕвездичките на Пинк“ и заврши како второпласирана. Очекуваше ли ваков крај и што помислуваше во моментот на прогласувањето?

Искрено очекував дека најмногу ќе стигнам до 10-ти круг, беше големо изненадување и искуство за мене. „Ѕвездичките на Пинк“ е  големо регионално шоу, доста популарно, така што можам само да го споделам моето задоволство од постигнатото.

Колку животот на Мартија се промени после големата медиумска експонираност, какво е чувството да се биде ѕвезда?

Не ми е многу промент животот, освен оние нормални разлики по тоа кога ќе станиш популарен. Тоа е еве на пример што ме препознаваат на улица, ми приоѓаат, ми честитаат за успехот. Првин ми беше тоа чудно, но брзо се навикнав и морам да бидам искрена дека ми се допаѓа.

Како регира сега околината на тебе?

Мојот роден град ми даваше најмногу поддршка, имаше и љубомора, но тоа не е важно бидејќи бројот на оние кои ме поддржуваат е далеку поголем.  Така што од срце би можела да зборувам за оние кои постојано беа со мене и се радуваа исто колку и јас.

TON_0941

После толку многу настапи, имаш ли трема?

Пред да почнам да пеам посетував часови по танц, имав искуство со сцена и можеби затоа сум доста опуштна. Секако, тука е позитивната трема која ме прави да ја зголемам самодовербата и да се покажам во најдобро светло.

Кој од членовите на жирито ти беше омилен, чии коментари најмногу те погодуваа?

Сите членови беа прекрасни, постојано ни ласкаа, но и подручуваа. Никој од нив не би можела да издвојам, сите се однесуваа сосема нормално кон нас, посветено и внимателно да не бидат повредени ничии чувства.

Која песна/изведба ја сметаш за најдобра од целата сезона?

Полесно и е на публиката да каже, оние што гледале, кој од моите настапи најмногу се издвојувал. Јас за сите претставувања подеднакво вложив труд. Тоа се настапи во живо и секако се случуваат грешки.  Ми беше чудно кога се видов на телевизија, ми беше интересно бидејќи никогаш не сум се слушала и гледала на таква сцена. Ми беше малку непријатно, но брзо се навикнав.

TON_0932

Колку за едно девојче од 12 години е тешко да се биде во таа шоубизнис машинерија?

Не е лесно затоа што и јас имам денови кога сум нерасположена. Тешко е да се справуваш посебно во такви денови, но се навикнувам бидејќи тоа е она што сакам да го правам. Мојата менторка Ивана ме подучуваше многу, така што нејзината помош ми беше од корист. Тука е и мајка ми, заедно се консултираме и се обидуваме да најдеме заеднички јазик.

На каква музика расте Мартија, кои се твоите идоли?

Од македонската сцена ги сакам Тамара Тодевска и Елена Ристеска, а од светската Бијонсе, Кристина Агилера, Ариана Гранде и Џастин Бибер.

Каде се гледаш во иднина?

Дефинитивно се гледам како пејачка, но како ќе ме носи времето не би знаела, се уште сум млада и засега се трудам да чекорам по встинскиот пат.

TON_0998

Настапуваш на детската Евровизија годинава во Малта. До каде се подготвовките за песната и што значи за тебе ова големо претставување пред Европа?

Чувството е прекрасно и за ова имам трема. Подготовките се при крај и се надевам дека ќе се претставм во одлично светло. Детската Евровизија е одлична за мојата кариера, така што ќе се потрудам да го изнесам најдоброто од себе.

За крај, што би им порачала на твоите бројни обожаватели?

Би порачала да веруваат во себе, да работат во она што најдобро го умеат, а кога ќе биде поставена целта, тоагаш ќе биде полесно.

TON_0972

TON_0964

копира

#Коментари
[fbcomments]