понеделник, 20 февруари 2017  |  Вести денес: 41

„Патот за Аликанте“ – прикажан документарецот за легендарниот пејач Цане Николовски

10601314_10204579874597772_1920104396_n

Цане Николовски е македонски пејач, музичар, флејтист, кој во својата долга кариера бил вокал на групите „Мадригали“, „Гром“ и „Бонтон“ од Битола. Николовски, освен што е најмногу познат по песната „Жаклина“, испеан со фолк групата  „Елита“, тој мошне добро се снаоѓа и во други жанрови – рок, поп, народни изворни и новокомпонирани песни. Во неговата биографија стои запишано дека има издадено 37 албуми со народна, поп и музика изведена на флејта. Посаледниве години Николовски живее во шпанскиот туристички град Аликанте. И понатаму музиката му е професионална определба и снима албуми од различни музички жанрови, како и албуми на кои тој изведува музика со флејта.Тој денес живее во Аликанте, Шпанија, уште се занимава со музика, издава и албуми, а оваа урбана легенда се уште се прераскажува по Битола.

10596282_10204579882757976_1248661308_n

Ликот и делото на Николовски го инспирирале сценаристот Константин Петровски да сними документарен филм за Цане наречен „Патот за Аликанте“, кој битолската публика го погледна во Интимниот театар. Битолчани, но и воопшто македонската пбулика го препознава Цане по хитот „Жаклина“, за кој има една интересна легенда, а пред неколку години доби и панк-фолк, во соработка со групата „Хартбрејкерси“.

13912744_1958754757684648_8830251053566042466_n-700x496-620x350

Во документарниот филм говорат повеќе луѓе што го познаваат Николовски. За ликот на Цане зборуваат членовите на „Мадригали“, Панде Димитровски, Валентин Соклевски, кој го напиша текстот за „Жаклина“ и уште неколку луѓе. Додека разговарал и интервјуирал луѓе за документарниот филм, Петровски слушнал многу интересни и неверојатни приказни за Николовски, како и интересни анегдоти.

10592457_10204579597510845_1192025162_n-520x390

„Интересна е приказната за тоа кога првпат членовите на „Мадригали“ ги забележале Цане и неговиот музички талент. Тие биле околу 20 години, а тој имал 13-14 години. Го виделе во паркот во Битола бос, како пее. Го викнале на аудиција, тој испеал неколку песни и го зеле во групата. Првата свирка на Цане со „Мадригали“ била во битолското село Могила. Тој ден брат му на Цане се женел, правел свадба. Но, Цане не отишол на семејната веселба, бидејќи со Мадригали имал концерт“ – раскажува Петровски.

DSC_0348

Филмот, кој трае дваесетина минути, е планирано да се прикаже и во повеќе градови, но и на разни фестивали. Во екипата покрај Петровски се и Весна Ристовска, Симон Секуловски, Гоце Глигоровски.


#Коментари

Коментари

коментари