вторник, 24 јануари 2017  |  Вести денес: 30

„Паркети“ прославија 25 години постоење!

parketi1

Вчера, 1 септември, култната битолска панк група „Паркети“ го прослави својот 25-ти роденден, како и 20-годишнината од издавањето на својот прв албум „Грижа на совеста“. Формирана е во 1991 година од Сашо Паркет, Славе Паркет и Себастијан Паркет,  „Паркети“ е позната по своите настапи во живо, изгледот и смислата за хумор.

66613_parketi

 „Паркети“ се оформени една деценија по првиот бран на панк музикта, кога веќе сè било слушнато и видено, од „Секс пистолс“ преку „Рамоунс“, па и „Шарло акробата“ и „Пекиншка патка“ на просторите на Југославија. Во Битола, на крајот на осумдесетите години, постоеле само неколку „андерграунд“ бендови кои правеле своја музика и само едно подрумско диско каде не се слушало турбо фолк. Со распадот на Југославија, започнале да се отвараат нови приватни радија и телевизии, што му отворило место на сè и на секого. На Радио Битола и на некои локални телевизии започнале да се прават топ листи на „демо“ бендови на кои секој можел да гласа за својот омилен.
14100297_776783982463668_7462651598747791921_n
Тоа на „Паркети“ нашироко им ја отвора вратата да се појават  на најпопуларните  забавно-музички емисии во тоа време, како „Шоуто мора да продолжи“ на пример, во единствената ТВ куќа – Македонската Радио Телевизија.

 Првиот албум го снимиле во 1996 година и е именуван „Грижа на совеста“, а вториот –„Газирана хармонија“ бил снимен во 1998 и на него бендот има различен состав, односно на местото на Сашо Паркет – вокалист е неговиот брат. Сашо се враќа во бендот на почетокот на новиот милениум, па следуваат изданијата „No Tinkation Best of“ (2002), „Тајната на името“ (2005), „Мамо, не му кажувај на тато“ (2009), „Република Франкенштајн“ (2012) и минатогодишниот „Паркети 1991“.

parketi21

Групата беше присутна и на поп сцената со своите соработки со Елена Ристеска (Сакам да те галам) и Ања Ветерова (Јас те сакам тебе), како и минатогодишната „Авантура“ со Ерик Фокс, а два пати учествуваше и на националниот избор за песна на Евровизија со темите„Strawberry“ иТи си киси феномен.
Паркети секогаш имале препознатлив и специфичен звук. Нивните текстови секогаш имаат рима, но, како што сакаат да кажат членовите, текстовите се „апстракни“. Пример за „апстракноста“ во текстовите е песната „Супермен“„Нешто лета, црвено е, дали е фен? Не е фен – тоа е Супермен“.
 Бендот во своите песни обработува најразлични теми, но како што потенцираат и самите, љубовните песни секогаш биле најискрени.

Screenshot_29

  • Песни без тема: „Портокали“, „Оси“, „Mуви“, „Едно млеко и едно кафе“, „Ева Мендез“, „Да ја е*ам баба ти на летање“ и други.
  • Песни со љубовна тема: „Бaл“, „Mислам“, „Највеќе на целиот свет“, „Maла пролет“, „Барбара“, „Песна со најубави ноти“, „На месечина те заборавив“ и други.
  • Понекогаш имало и песни кои имале допир со социјални теми и теми важни за „Паркети“, а во таа категорија спаѓаат песните: „Кафеави џуџуња“, „Ние сакаме“, „Клара пуши трева“, „Sweet Vegetarian“
  • Обработки на песни: „Ацо кабадаја“, „Шеќерна“, „Бандиера Роса“…

parketi4

 И покрај тоа што во 2012 година најавија дека ќе се пензионираат, како и дека албумот „Република Франкенштајн“ ќе биде последното што ќе го чуеме од нив, веќе следната година решија да запејат на „југословенски“, а минатата година го објавија и албумот „Паркети 1991“. Бендот сè уште е активен и со настапи, а вечерва својот 25. роденден ќе го прослават со својата публика во родната Битола.

Нивниот роденденски концерт  се одржа вчеравечер  во „Камарите“, со почеток од 22.00 часот.

#Коментари

Коментари

коментари