понеделник, 23 јануари 2017  |  Вести денес: 72

Тарабунов качен на необична направа им го сврте умот на минувачите во центарот на Скопје!

ѕрр

Тој секогаш блеска со поитивна енергија, пее, готви и плени со шарм. Вака накусо накусо би можеле да го опишеме младиот и талентиран поп-пејач Александар Тарабунов кој деновиве се дружеше со нас на едно поинакво интервју кое го спроведовме со цел тој да ја искуси  необичната и урбана направа на две тркала – Сагвеј.  Покрај адреналинското возење во кое Тара уживаше, имавме прилика да поразговараме со него за тоа што му се случува на професионално и приватно поле. Иако не е среќен што на летото му дојде крајот, Тара се радува на тоа што има да раскаже убави спомени кои му се случија изминативе месеци.

Tara_TON_0621

Без двоумење веднаш го прифти нашиот предизвик да го пробаш еден од најатрактивните гаџети во светот – Сагвеј. Зошто?

Неодамна бев во Барселона и прв пат таму видов група на туристи како ја шетаат Барса со Сагвеј и посакав во тој момент јас да имам баш таков гаџет, па можеби затоа кога ме исконтактиравте со голема радост прифатив.

Ги задоволи ли Сагвеј твојот авантуристички дух и енергија при возењето?

Да, со оглед на тоа што јас сум љубител на авантуристички спортови, помалку и екстремни, Сагвеј не е толку екстремен, но задоволувачки со адреналин и позитивна енергија.

Гаиш силна љубов кон велосипедизмот, а не ретко го користиш велосипедот како превозно средство низ градскиот метеж. Сега откако ја проба оваа модерна револуционерна направа, колкави се твоите апетити за нејзината секојдневна примена?

Да, возам велосипед постојано бидејќи многу ме релаксира и во градов секаде можеш да стигнеш за 5 минути, а да не осетиш никакви гужви и нервози и плус организирано спортувам со велосипедот, се качуваме на Водно, одиме до Матка итн. Во секој случај презадоволен сум од точакот, а би сакал со Сагвеј да ги шетам големите градови можеби и зошто се поуредни и попросторни. Но, не е лошо да го имам, ќе му најдам место и тука каде да го возам (се смее)

Tara_TON_0691

Сагвеј-от функционира според рамнотежата и стабилноста на телото, а ти се покажа и повеќе од одличен. Како Тара го воспоставува својот секојдневен животен баланс?

Со добра исхрана, со спорт дали е тоа тенис, трчање на кеј, пливање или велосипед, со здрав разум, позитивна мисла и исполнетост.

Зошто би им го препорачал на другите?

Зошто е забавен и кога еднаш ќе се качиш не сакаш да се симнеш.

Имаш полна агенда со настапи низ земјава заедно со бенд. Како минуваат дружбите со обожавателите?

Многу позитивна енергија се собира на едно место, од неодамна го проширив мојот бенд, влегоа двајца нови членови, саксофон и клавир и сега звучиме светски и го добивме оној перфектен соунд баш како што замислувавме да биде, моментално сме 6 члена во бендот јас понекогаш надополнувам со акустична гитара со мое големо задоволство, но имаме план да вметнеме уште членови. Постојано сме низ Македонија по плоштади, дискотеки и многу се дружиме, супер си поминуваме и тоа е нешто што најмногу го исполнува вистинскиот музичар.

Tara_TON_0659

Во каков ритам пулсираше летото за Тара?

Во брз динамичен ритам, покрај настапите низ целата држава наоѓам време и да отидам некаде на викенд да се опуштам, да се забавувам, зошто секое лето гледам да си направам по некој убав спомен по што ќе го паметам тоа лето.

Преку социјалните мрежи постојано не фасцинираш со твоите маестрални дела во кујната. Од каде овој талент, го сметаш ли ова за твој голем плус кај дамите?

Ви благодарам, овој талент несомнено е од татко ми бидејќи тој цел живот е во кујна и како помал го критикував, но како почнав да растам ми се роди голема желба и јас да влезам во кујна и да направам нешто убаво вкусно и добро декорирано. Тоа би го нарекол и квалитетен начин на живот бидејќи многу е битно што внесуваме преку исхраната, дали уживаме во тоа што го јадеме или не, постојано готвам и тоа ме исполнува кога имам слободно време, ме релаксира.

Tara_TON_0609

И за крај. Како ќе заврши професионално и приватно летото за Тара и кон какви заложби се стремиш од септември?

Вака така заврши и ова лето многу набрзина, во основно порано кога ке дојдеше 10-ти јуни летото што следи ни се чинеше како цела вечност дека трае. Сега проаѓа за една недела. Од септември почнуваат моите обврски во МОБ како втор тенор во хорот, многу дружење со колегите и нормално настапи кои што се веќе закажани.

Tara_TON_0712

#Коментари

Коментари

коментари