четврток, 29 јуни 2017  |  Вести денес: 0

ЕМА знае што е „Најдобро“ за неа! (АУДИО)

maxresdefault

Таа е за себе вели дека отсекогаш сакала музиката да ѝ биде професија ( иако по едукација е дипломиран  забен техничар). Започнала  со пеење уште од  мала, како дел од детскиот хор на „Супер Ѕвезда“. Се пријавувала на  голем број на аудиции  како „Макѕвезди“, „М2-потрага по ѕвезда“, „Јас имам талент“ во Белград… а нешто подоцна доаѓаат и првите фестивалски настапи.

14123964_10210465058170758_1264035139_o

„ Долго време посакував нова песна и мислам дека го направив вистинскиот избор. Верувам дека имам одлична балада која се надевам ќе и се  допадне на публиката и ќе биде слушана на радиостаниците. Благодарна сум им на моите соработници и ветувам дека ова е само еден нов почеток во мојата кариера“ – вели Ема!

14169618_10210465057210734_1180472230_n-660x330

Новата песна на Ема носи наслов “Најдобро“ и во суштина е љубовна поп балада спакувана во рок/аренби аранжман. Музиката за темата „Најдобро“ ја компонирал  македонскиот пејач и автор Даниел Данн Стојманоски, додека стиховите за неа ги напишала Ксенија Николова. Аражманот го потпишува повторно  Даниел Данн овој пат заедно со Иле Спасев кој ги свири гитарите, а ја потпишува и продукцијата и мастерингот на песната. Даниел Дан и Емилија ги пеат и придружните вокали.

Еве како звучи нејзиното „Најдобро“:

#Коментари
[fbcomments]