сабота, 25 февруари 2017  |  Вести денес: 0

Четврт век независност: Како се забавувавме кога се создаваше Македонија

screenshot_2

На животот во Скопје, оној пред  25 години, со многу носталгија се сеќаваат оние кои во тоа време, во почетокот на деведесттите ги живееја најубавите години и сите се согласни дека таа магија веќе никогаш нема да се повтори.

39109_418175040891_1361487_n

Денеска, 25 години од осамостујувањето, во сосема друг филм се присетуваме на времето некогаш, на времето во кое се живееше додека се создаваше суверена, самостојна и независна Република Македонија.
1380336_10151777296685892_204354267_n

Еве кои беа тогаш главните фраери, денес легенди и „доајени“ или поточно „првоборци“ на ноќниот живот, во тогашна независна, слободна и суверена Македонија, како и местата каде се излегуваше речиси секој ден во неделата, а се седеше до 5, 6, 7,8… часот наутро!

39109_418175045891_1911432_n

Летниот клуб „Хавана“ на Пиже и Зеко, зимското „Хард Рок“ во МКЦ на Тоде и Антар, дискотеката „МНТ“ на Џоле и Џоле – брада, „Булевар“ на Трпе, „Корнер“ на Томче, „Академија“ на Мио, „МЦМ“ на Зоки-малиот… беа некои од поважните, култни места во македонската метропола, во кои се одвиваше ноќниот живот како во кошница со пчели. На просторите на некогашна Југославија беснееше граѓанска војна, во Белград цветаа криминалот и подземјето, па затоа дури и главните белградски фаци и најзгодните риби неретко доаѓаа да се забавуваат во Скопје.

12002089_10153146214391732_2279110391579606038_n

Мале, Бабура, Шале, Никола, Горан Кан… беа главните ДЈ-и, а „Ластовица“ ( Владо Јаневски и Роберт Саздов), Ена Веко, „Меморија“,  подоцна Тијана, „Студени нозе“, „Хавана бенд“ ( Игор Џамбазов, Пиже и Зеко), „Ристо Бомбата и Кучешка тенија“, Ребека, Дарио и „Миг 21“, „Нови Дечки“…  предизвикува лудило кај публиката, жедна за нови, но свои национални, музички идоли.

screenshot_4

Првата шпански ТВ серија  „Касандра“ ги празнеше улиците предизвикувајќи љубопитност и интерес кај сите генерации, кои пак го наполнија тогаш „Градскиот стадион“ за да ја видат во живо. неа, ранду и останатите ликови од серијата, кои Цветанка Ласкова и Миша Кан и нивната „Кан продукција“ ги донесоа во Македонија. Саботите започнуваа со „Пулсирања“ каде Оливера Трајковска и Антонио Димитриевски беа водителската двојка – домаќини, Анета Андонова го водеше „Пулси квизчето“, а Славица Цаци Паковска или „Пулси Цаци“ како што тогаш ја викаа и беше помошничка.

aneta-andonova

Зимскиот распуст не можеше да мине без „Зимската рекреативна програма“ каде продефилираа мноштво водителски ликови – од Лила Филиповска (Сител), преку Реџеп Пампур, до Наташа Јанкуловска-Тореска (Скај радио) или Наташа Алексовска (Временска прогноза на МТВ).

hqdefault

Во тоа време беа најгледани, или снимени детските серијали како „Дајте музика“,  „Во светот на бајките“, „Бушава азбука“… кои засекогаш ќе останат врежани во нашите спомени и историјатот на македонската телевизиска продукција на националниот сервис – МРТВ.

20111122-busava-azbuka

Култните ТВ забавно-музички емисии како „Шоуто мора да продолжи“ на МТВ2, правена по теркот на  „Ем-Ти Ви“, додека не завршеше, младите во четврток навечер не излегуваа во град! Антонио Димитриевски, Иван Мирчевски и Гордана Куновска, подоцна Живкица Ѓурчиновска, Александар Блажевски, Ненад Георгиевски… беше екипата млади, нови, свежи, прогресивни, модерни… со еден збор поинакви водителски ТВ ликови.

screenshot_6

Во радиоетерот се слушаа: „Вокс радио“, „Росс“, „Ластовица“, „Скај радио“ „Уно“… а нешто подоцна и „Антена“, „Равел“, „Фортуна“…! Се гледаше програмата на „Канал3“, а главни ТВ фаци беа Сидор (Александар Сидоровски), Тони Танчевски, Диме-Циго (уредникот), Соња – Панда (Антена), Меги, Ирена „Смешко“ Спировска (Алфа ТВ)…!

screenshot_7

„Без наслов, но со повод“ беше главна информативно-политичка емисија со Јадранка Костова, Гордана Стошиќ, Оливера Трајковска и останатите од Информативната редакцијата на МТВ. Се читаа, „Нова Македонија“, „Вечер“ а нешто подоцна и првиот приватен дневен весник – „Дневник“, а се чекаше секој нов број на првиот приватен, и тогаш опозиционен неделник „Фокус“ на Николче Младенов и екипата…

jadranka_kostova

„Макфест“ и „Валандово“ беа се’ уште главни фестивали на забавна и фолк музика, а нешто подоцна им се придружија возобновениот „Скопски“ и „Цветници“.  Македонија прва во регионот, па дури и пред оние на „MTV мusic awards“ ( 1994)  ги воведе македонските музички награди (1991 година), насловени  како „12 Величествени“.

90e5f90b-87f4-4e6d-82fb-d6c6f5d504ba_antonio-2

Македонската фудбалска репрезентација предводена од легендарниот Чичко Дончо (Андон Дончевски) и фудбалските легенди Панчев, Најдовски, браќата Ѓуровски, Канатларовски, Јаневски, Савевски, Бошковски… го одигра првиот официјален меѓународен натпревар (1993) победувајќи ја  Словенија во Крањ со 1-4, а Зоран „Чоко“ Бошковски го постигна првиот гол за Македонија!

zoran-boskovski-coko-1

Многумина од нас се согласни дека тоа навистина беа најубавите години и дека таа магија веќе никогаш нема да се повтори. И неможе, но и не треба! Спомените остануваат како дел од историјата, а новото време носи некои нови предизвици… и некои „нови клинци“. Веруваме подобри, поуспешни, поумни и посреќни од оние од… „нашето време“!

 

 

 

 

 

 

 

#Коментари

Коментари

коментари