среда, 22 февруари 2017  |  Вести денес: 90

За што пееше Кели Кларксон во „Because of you“, песната од која ќе ве полазат морници? (ВИДЕО)

screenshot_2

Од оваа песна не лазат морници, а ќе бидете уште поемотивни кога ќе ја дознаете приказната што стои зад неа.

Пејачката Кели Кларксон песната Because of you  ја напишала кога имала само 16 години.

Тогаш таа преку текст го исфрли целиот бес, болка и депресија од себе.

Нејзините родители се развеле кога имала само 6 години, но тоа не било најстрашното нешто. Младата Кели морала да се справи со фактот што нема да ги гледа нејзините брат и сестра кои нејзиниот татко ги одвоил од неа.

Во песната „Because of you” која, како што еднаш изјави, ја напишала само за половина час, го изразила своето разочарување и бес кои ги чувствува кон нејзиниот татко. Поради него се плаши од врзување, но не сака да плаче бидејќи тоа го потсетува на него.

Дури 11 години подоцна Кели одлучила да напише и продолжение на баладата и да ѝ даде некој среќен крај. Тоа го направи со песна која повторно ја посвети на нејзиниот татко, кој сакал да се врати во нејзиниот живот кога постигнала светски успех и заработила пари за тој да може да ги искористи.

Покрај тоа, Кели им ја посветила новата песна и на сопругот и нејзиното дете кои ѝ помогнале да ја надмине несигурноста која ѝ ја всадил нејзиниот татко уште кога била мала.

#Коментари

Коментари

коментари