вторник, 24 јануари 2017  |  Вести денес: 89

Владо Јаневски, „Куку леле“, Миле Кузмановски… и многу други на јубилејниот „Вино Скоп 2016“

fb_profil-620x350

Десетиот роденден на „Вино Скоп 2016“  ќе го прославиме традиционално на градскиот плоштад „Македонија“ во Скопје, а фестивалот ќе се одржи од 28 септември до 2 октомври.

screenshot_3

Центарот на градот Скопје пет дена ќе биде катче во кое ќе може да уживаат сите кои што сакаат да дегустираат чаша квалитетно македонско вино, но и да се забавуваат на звуците на најдобрите македонски музичари.

vlado-janevski

Владо Јаневски, „Куку леле“, Ристо Самарџиев, Јаков Дренковски, Миле Кузмановски, Ефто Пупиновски… се само дел од изведувачите кои ќе настапат на јубилејното десетто издание на „Вино Скоп 2016“.

screenshot_4

Во текот на изминатите десет години фестивалот стана заштитен знак на есента во Скопје, како и привлечна туристичка атракција за голем број на странски туристи кои секоја година ги има во што поголем број. Десет години „Вино Скоп“ ја испишува најубавата скопска есенска приказна, бидете и вие дел од фестивалот кој ги слави виното и музиката.

#Коментари

Коментари

коментари