четврток, 21 септември 2017  |  Вести денес: 66

ТАЖНО: Шестгодишно девојче во Србија остана само на улица 

dete-srbija

Жална слика кружи на српските интернет-портали. Мало девојче лежи на една од улиците во Нови Пазар како бездомник.

Како што пишуваат медиумите, ова девојче има шест години и по смртта на неговата мајка и поради социјално беспомошниот татко, остана буквално на улица, само со едно ќебе како прекривка и со уште што му служи за лежење.

Таа нема што да јаде и секој ден луѓето ја одминуваат без некој да ѝ понуди помош. Малечка е за да работи, нема можност да оди на училиште, а не бара ништо, покрај неа не стои никаков натпис, ниту кутија со пари.

Трагичната приказна не застанува овде, во овој град под еден од тунелите можат да се сретнат многу вакви дечиња кои немаат никој, а за жал немаат старатели. Домовите за деца без родители од Белград моментално ги згрижуваат децата од Нови Пазар и од другите помали градови, но на ова девојче очигледно сè уште не му дошло ред.

По ова бурно реагирање на социјалните мрежи и медиумите во Србија, се надеваме дека ова девојче ќе го добие својот дом.

#Коментари