четврток, 22 јуни 2017  |  Вести денес: 41

Запознајте ја Ана Марија – ќерката на „Генералот“

14409091_10207781575838600_541609582_n
Ана Марија е типичен пример за теоријата дека убавината и талентот се наследни, е вистинита! И ли што би рекле – се е до генот!
12294714_10205718072932317_932956436230132353_n
Во најновата фотосесија на нејзиниот татко, уметничкиот фотограф и режисер на видеоспотови Дарио „Генерал“ Јанковиќ, младата убавица ја демонстрира сета своја префинетост, исконската, природна убавина, рафинираност, шарм, но и детската наивност и чистина, кои провејуваат во стилски унифицираната фотографска композиција.
14046051_112449389203821_6805951100456371196_n
Младата балерина која се обидува да го покаже својот  уметнички израз, како асоцијација на млад бел лебед кој допрва широко треба да ги рашири своите крилја за да полета, е темата која Дарио  „Генерал“ Јанковиќ на суптилен начин ја инкорпорирал во уметничката фотосесија на својата мала убавица.
14445277_10207781576438615_1930763853_n
Ана Марија  инаку има 14 години и е ученичка во ОУ „Мирче Ацев“ и е модел во модната агенција „Моделс Ин“ на Надица Георгиева. Покрај манекенството, хоби и е еден помалку необичен спорт или поточно, спортска вештина која можеби на прва и не соодветствува со нејзиниот лик и  фигура – Кик боксот!   Ана Марија тренира во клубот „Магнус“ на познатиот Дејан Митревски – Урко.
12801148_10206246293177493_8255043295957538084_n
Ако убавината ја наследила од мама, што се гледа со голо око, тогаш Ана Марија талентот сигурно го наследила од тато, зашто како што вели и самиот Дарио, таа веќе сега одлично, фотографира, снима со камера и монтира видеа, помагајќи му на татко и во неговата работа.
Погледнете ја сесијата младата убавица Ана Марија Јанковиќ – ќерката на  (фото) „Генералот“!
 
#Коментари
[fbcomments]