понеделник, 24 јули 2017  |  Вести денес: 0

ФОТОРЕПОРТАЖА: Хотел Радика, Маврово и манастирот Бигорски – тура што не смеете да ја пропуштите!

picmonkey-collage

Убавината на Западна Македонија е надалеку позната. Изминатиот викенд овој предел блескаше под прекрасното октомвриско сонце, а објективот на Вистина.мк улови дел од атмосферата.

Започнете со кафе на прекрасната тераса во хотел Радика, која има поглед на Мавровското Езеро и на одличниот базен во склоп на локалот.

Потоа продолжете кон Маврово — село во Општина Маврово-Ростуше, сместено на брегот на Мавровското Езеро. Селото претставува еден од најпознатите зимски туристички центри во Македонија. Надвор од зимската сезона тоа има сосема поинаков сјај.

Турата заокружете ја со посета на „Св. Јован Бигорски“, манастирски комплекс кој се наоѓа на патот помеѓу Гостивар и Дебар во непосредна близина на селата Ростуше, Битуше, Велебрдо и Требиште, по течението на реката Радика. Доколку огладнете тука е и новоотворената Куќа на Мијаците, каде во рустикален амбиент ќе ве нагостат со одлични специјалитети.

#Коментари
[fbcomments]