сабота, 27 мај 2017  |  Вести денес: 54

ДАРИО – „Дупла вотка“ за малку ќе беше „Дупла ж’та“

%d0%b4%d0%b0%d1%80%d0%b8%d0%be-%d0%bc%d0%b8%d0%b3-21-620x350

Месецов се навршуваат 20 години од издавањето на песната  „Дупла вотка“  и по тој повод направивме и еден модерен ремикс на песната. Таа песна е посебна бидејќи најверојатно излезе во вистинско време. Музиката е моја, текстот е на Тоше Поп Симонов, а приказната е навистина интересна. Јас имав напишано еден текст за оваа песна, кој беше прилично социјален, тежок текст, но Тоше ми го фрли листот, отиде горе и напиша нов за два часа само со наслов „Дупла ‘жта“.

dario-650x488

Јас му реков дека нема шанси да ја пеам оваа песна со ваков наслов, не ми личи мене тоа. Два дена размислувавме каков наслов да има песната – виски некако не одеше, бидејќи во тоа време виски пиеја само одредени луѓе и не сакавме да биде нешто надмено, ж’та ми беше многу кафански, и на крај ја одбравме идеалната комбинација – вотка. Вотка пие секој и има за сечиј вкус и џеб. Бескрајно сум му благодарен на Тоше за тој текст – вели Дари Панковски во интервјуто за Fashionel за хитот што ја обележа неговата кариера, но и младоста на неколку генереции тинејџери во Македонија.

#Коментари