четврток, 23 март 2017  |  Вести денес: 0

Раѓањето на нов човечки живот низ импресивни фотографии

p

Фотографот Ленарт Нилсон има поминато барем 10 години од својот живот фотографирајќи го раѓањето на други човечки животи, од зачнување, преку периодот на раст на ембрионот, па до раѓање.

Микроскопите и камерите му биле страст на Нилсон уште од детство. Во меѓувреме, страста ќе се развие во фотографии што на светот ќе му ги покажат убавините на човечкото тело на микро ниво, меѓу другото и преку 16-те страници објавени во магазинот LIFE во 1965.

Најдобрите и најпрецизните фотографии, Нилсон сепак ги има направено со цистоскоп (медицински инструмент кој се користи за преглед на внатрешноста на мочниот меур). Резултатот е нешто навистина извонредно: за прв пат, луѓето можеа со свои очи да го видат моментот на зачнување, како и најраните фази на формирањето на новиот човечки живот.

Јајцеклетката
Јајцеклетката
Клучниот момент
Клучниот момент
169005-6-650-53c212670e-1474018182
Еден од 200-те милиони сперматозоиди на таткото продира во мембраната на јајцеклетката.
169055-7-650-53c212670e-1474018182
Главата на сперматозоидот го содржи сцелиот генетски материјал.
169105-8-650-53c212670e-1474018182
Една недела подоцна, ембрионот мигрира во матката, лебдејќи надолу низ јајцеводот.
169155-9-650-53c212670e-1474018182
По уште една недела, ембрионот се прикачува на ѕидот на матката.
167905-11-650-53c212670e-1474018182
До 18-тиот ден од развојот, срцето на фетусот веќе почнува да чука.
167855-10-650-53c212670e-1474018182
Ембрионот во 22-от ден од својот развој. Ова сивото наскоро ќе стане мозокот на детето.
28 дена по оплодувањето
28 дена по оплодувањето
168055-14-650-53c212670e-1474018182
Во петтата недела, фетусот е долг 9 милиметри и веќе е возможно да се види лицето заедно со отворите за устата, носот и очите.
168105-15-650-53c212670e-1474018182
40 дена поминати во развој. Надворешните клетки на фетусот се се соединуваат со површината на ѕидот на матката за да ја формира плацентата.
По 8 недели.
По 8 недели.
169205-Lennart-Nilsson-112-650-53c212670e-1474018182
10 недели. Очните капаци се веќе половично отворени. По неколку дена ќе бидат целосно оформени.
168205-17-650-53c212670e-1474018182
Недела 10: ембрионот веќе ги користи рацете за истражување на својата средина.
16 недели.
16 недели.
168305-19-650-53c212670e-1474018182
Крвните садови се видливи преку кожата
168405-20-650-53c212670e-1474018182
18 недели. Фетусот сега може да детектира звуци од надворешниот свет.
19-та недела.
19-та недела.
168505-22-650-53c212670e-1474018182
20-та недела. Фетусот сега е долг 20 сантиметри. Косата почнува да се појавува на главата.
24-та недела.
24-та недела.
Шести месец.
Шести месец.
36-та недела. За еден месец, бебето ќе се роди.
36-та недела. За еден месец, бебето ќе се роди.

„Детето е родено“ („A Child is Born“) – книгата на Нилсон објавена во 1965 година, се распродаде за само неколку дена. Во меѓувреме прерасна во една од најпопуларните фото-книги на сите времиња, и беше реиздадена уште многу пати.

Ленарт Нилсон сега има 91 година. Уште го интересира наука и фотографија.

извор:365

#Коментари
[fbcomments]