сабота, 25 март 2017  |  Вести денес: 0

Кртот – „Бам Џа Ву“ (АУДИО)

13708388_657304364420463_8204784923378912315_o-957x580

Најновата песна на Кртот , со која што се објавува и официјално новиот проект на Кртот Албумот со наслов ” Форми На Злото ” во извршна продукција на Мастер Сарду и Соколи B.S.F Или тројцата заедно сочинувајќи ја – БАМЈА ВУ екипа .

Песната е омаш до целокупниот производ и енергија што ја носи оваа екипа, продуктивност автентичност, став , како и изразување за нештата во оваа наша ни музика , кои се ставовите денес, во ова време, како гледа Кртот и што има да каже за истоимената ситуација – социјално- музичка.

screenshot_10

Цела заслуга ја носи моментот на екипата и целиот краен резултат, и затоа токму и насловот е целосно отстапен за истата песна – БАМЈА ВУ Песната ќе се најде на албумот заедно со сите останати комплетни песни, на кои ќе има неколку гостувања со домашни момци и групи, и ќе улета и некоја продуцентска соработка од нашите простори и одбрани луѓе.

Целосниот проект ќе биде комплетиран и издаден официјално на ЦД – во 2017 година. Во наредниот период ќе се објават уште неколку аудио записи кои ќе добијат и видео. Очекувајте активен период над и под земја, звучно и визуелно , од Бамја Ву екипа и Кртот.

#Коментари
[fbcomments]