сабота, 23 септември 2017  |  Вести денес: 34

Тој е идеален за мене: Милена Антовска во тандем во новата љубов среде Скопје!

 milena_0681

 

Веќе седум години е пред телевизиските камери, а со текот на времето младата и шармантна водителка Милена Антовска стана една од најдобрите млади ТВ лица во земјава. Во интервјуто кое безрезервно го прифати за Вистина.мк, а притоа на плоштадот во Скопје го искуси и модерниот гаџет Сегвеј, шармантната водителка ни откри доста детали, а го опиша и чувството да се вози на популарната направа на две тркала. За себе вели дека е маѓепсана од телевизијата и не би можела ниту да замисли да функционира на друго професионално поле, а наедно сподели и детали од приватноста, товарот на популарноста и како стои на љубовен план.

Какви беа твоите сознанија за Сегвеј пред да го искусиш и дали ги оправда твоите очекувања?

  • Знаев за Сегвеј уште пред да го искусам и навистина беше одлично искуство…Одлично, забавно, практично.

Опиши ни го чувството додека се возеше, колку брзо ги совлада техниките за управување?

  • На почетокот бев многу исплашена, затоа што мислев дека ќе паднам хаха…првиот круг беше критичен, потоа се опуштив и се чувствував како да возам сто години хаха

milena_0715

Со оглед на тоа дека живееш во близина на своето работно место, би можел ли Сегвеј-от да биде замена за автомобилот, јавниот градски превоз или пешачењето?

  • Со сигурност може да биде одлична замена, многу удобро би ми дошло. И не само за мене, за секој би можел да биде одлична замена за било кое превозно средство.

milena_0719

Ни потврди дека се вљуби во Сегвеј уште на прво возење, со што те освои?

  • Со едноставноста во управувањето. Изгледа комплицирано, а всушност воопшто не е.

Како тече едно секојдневие на Милена и колку овој модерен гаџет би ти помогнал да функционираш побрзо и позабавно?

  • Па со оглед на тоа дека постојано сум во движење, секој ден некаде брзам, мислам дека Сегвеј е идеалното решение за мене и мојот начин на живот. Побрзо ќе функционирам, а ќе ми биде и позабавно…тоа се гледа по насмевката на моето лице.

Велат дека телевизијата е магија, ако еднаш ја почуствуваш никогаш нема да поскаш да престане. Колку е маѓепсана Милена во тој поглед?

  • Ауу многу ахахах. Магија која што ќе трае цел живот. Кога еден ден ќе одлучам да не бидам пред камерите, веројатно ќе бидам зад нив. Ја сакам таа енергија, го сакам тој дух, моментално не можам да се замислам на некое друго место.

milena_0679

Повеќето јавни личности ќе се сложат дека популарноста има свои предности и маани. Постојано си под лупата на јавноста, ти недостига ли приватност?

  • Како и се останато, така и мојата професија има предности и маани. Секогаш се ставам на вага и затоа пак ќе кажам дека повеќе има добри страни, а лошите ги занемарувам. За мојот приватен живот се знае току колку што јас сакам да се знае. Се може да се зборува и пишува, но јас сум таа што може да каже што е вистина а што не.

Со оглед на тоа дека си водител на утринска програма, од што се мораш да се откажеш за да функционираш одлично пред камера во раните утрински часови?

  • Со добра организација не треба да се откажам од ништо. Вечерните излегувања преку недела ми се сведени на минимум, но тоа сега воопшто не ми пречи. Важно ми е да имам доволно време за себе и моите најблиски, а тоа можам да го имам и во друг дел од денот.

Медиумите не ретко знаат да напишат доста комплименти за твојот изглед и моден израз, но колку е тешко да се изгеда така свежо и стиски префинето за добро утро?

  • Па не е секогаш лесно. И јас имам лоши денови, денови кога не сум располошена или нервозна или не дај Боже болна. Но мојата професија не прифаќа никакви изговори, затоа секогаш морам да бидам позитивна, ведра и насмеана. Добриот сон кај мене е причина за тоа, здравиот начин на исхрана и организираноста.

milena_0678

Деновиве на тапет по порталите е твојот љубовен живот, односно дека си повторно слободна. Ти пречат ли ваквите написи и колку има вистина во истите?

  • Хаха не е прв пат…Некогаш ми пречат, но никогаш не сум се налутила на ниту еден мој колега или колешка. Тоа е нивна работа и си ја работат најдобро што знаат. Не сакам кога се пишува многу за мојот приватен живот и затоа најчесто ги избегнувам таквите прашања. Тоа што можам да го кажам е дека сум среќна и исполнета на секое поле.

Се плашат ли момците од убави, паметни и познати девојки?

  • Се плашат тие што не веруваат во себе, тие што немаат самодоверба.

За крај, која е твојата животна девиза по чија патека нема лево и десно?

  • Има една мисла, еден цитат од Конфучиј, а паметам дека татко и уште како мала постојано ми го велеше…”Не го прави на другите тоа што не сакаш тебе да ти го прават”.

milena_0696

milena_0690

milena_0688

#Коментари
[fbcomments]