петок, 28 април 2017  |  Вести денес: 81

Забраната на ЗАМП не ги поколеба: Тајзи и Спејко со нови песни

%d1%82%d0%b0%d1%98%d0%b7%d0%b82-620x350

Иако веќе подолг период има забрана за македонска и српска музика на сите радио и телевизиски станици во земјава, на некои од пејачите не им пречи да создаваат нови песни и спотови. По одличната тема „Револуција“  Тајзи реши да најави нова соработка со Дарко Спејко. Песната е на македонски и српски јазик, а видеото треба да излезе наскоро.

%d1%82%d0%b0%d1%98%d0%b7%d0%b81-620x350

„Вози“ е уште еден проект од моментално најактуелната балканска продукција „Балкатон“. Музиката е на Слободан Вељковиќ – Цоби, автор на многу балкански хитови, додека видеото е во режија на Владимир Дади Ивановски. Македонската верзија, пак, е дело на Лазар Цветкоски, кој работи и на албумот на Тајзи, од кој ќе чуеме уште неколку песни до Нова Година.

%d1%81%d0%bf%d0%b5%d1%98%d0%ba%d0%be-620x350

Во спотот се појавуваат интересни ликови и статисти, а како денс екипа се девојките од студиото „Брејк а лег“, кои деновиве освоија второ место на светското првенство во Грац, Австрија.

#Коментари