сабота, 27 мај 2017  |  Вести денес: 54

„На Велигден“ – приказната на баба ми Уранија и нејзините велигденски стројници

hqdefault

Една од главните причинители за таа песна е мојата баба Уранија и нејзината приказна за тоа како нејзиниот татко, мојот прадедо ги враќал два пати стројниците на дедо ми, кои упорно ги праќал на Велигден. Потоа ме врзува еден друг момент, во комунизмот немаше одење во цркви за да се кршиме со јајца, туку ние бегавме преку прозор за да не не види таткоми и одевме во црква палевме свеќи и се враќавме назад.

mkd-48874

Следен момент кој е многу важен, живеев долго во Бол на Брач, скоро 8-9 години, а таму имаат едно континентално место се вика Селца, кај нив има процесија и се случи нешто што јас прв пат во живот го видов. Кај нив процесијата значи да направат колона која изнесуваше тогаш 10 километри, јас влегов со цигара во колоната и една баба дојде ме фати за рака и ми рече: Ти не си од овде, зар не? И ми кажа дека не смее да се пуши во процесија и кога слушна дека сум Македонец ме фати за рака и ме однесе во првиот ред на клупите на католичката црква.

tocka-67630

Веднаш потоа заминав за Скопје затоа што ме фати први мај, во Скопје 20 дена не излегов од дома. Не беа тоа притисоци, туку имав време и простор да размислам за себе, односно што со себе. Се вратив во Сплит и кога се распадна Југославија ја направив песната и му се јавив на Тоше Поп Симонов, ама тој беше на Крит со неговата жена, и тој го имаше целото студио префрлено таму.

maxresdefault-1-650x366ukm67i67i676

Седнав во авион заминав за Крит, кога пристигнав таму, наидов на ситуација во која Тоше и неговата жена беа загрозени од однесувањето на Грците и нивните шеги дека ние не постоиме, дека Македонија како држава не постои и јас седнав ја отсвирив песната им ја вратив жарта во нив и страста, и така ја снимивме првичната верзија на “Велигден сум се заљубил”.

#Коментари