сабота, 21 јануари 2017  |  Вести денес: 4

Даштевски: Случајот со Диме Спасов е класично криминално политичко сценарио кое СДСМ го планирало подолг временски период

Класична криминално-политичка местенка и сценарио кое СДСМ го планирало подолг временски период. Вака аналитичарот Александар Даштевски го опипува организираниот напад врз дополнителниот заменик министер за труд и социјала Диме Спасов.

dastevski

Вчерашните снимки кои ги објави Сител според Даштевски јасно покажуваат дека техничкиот министер за внатрешни Оливер Спасовски 6 дена ја лажеше јавноста, а на прес-конференцијата воопшто не ја ни спомена криминалната група која го нападнала Диме Спасов.

Последното сценарио според Даштевски е доказ дека Спасовски ја злоупотребува полицијата за политички цели, со што ги руши основните темели на државата. Додава дека токму затоа СДСМ инсистираше да го превземе Министерството за внатрешни работи, а се појасно станува дека овие криминални групи ќе се користат и во следниот период за предизвикување немири и проблеми, кои ќе се препишуваат на сметка на власта.

Со реакција се јави и владејачката ВМРО-ДПМНЕ. Велат дека вчера целата македонска јавност се увери дека СДСМ политиката ја гледа само како поле на кое што со конструкции и црни сценарија ги манипулираат граѓаните. Обвинуваат дека во последнат конструкција Спасовски го анфажирал и партискиот послушник Примислав Димовски и неговите соработници во единицата алфа.

Според владејачката партија само со оставка на Оливер Спасовски и заминување на целиот партиски тим на СДСМ од Министерството за внатрешни работи, ќе се врати безбедноста и довербата во полицијата.

Сител се уште нема добиено одговор од МВР, зошто министерот Оливер Спасовски во текот на денешниот ден инсистирал да се состави нов записник во полициската станица Карпош, во кои на него му требало да стои дека Диме Спасов ги нападнал полицајците и зошто МВР 5 дена тврди дека врз Диме Спасов делувале од полициската единица Алфи, кога според наши сознанија врз него делувале полицајци во цивилка од полициската станица Карпош, за кои не е јасно кој им издал наредба за делување и зошто до денес нема записник и нивни изјави за акцијата, пренесува Сител.

извор:курир

#Коментари

Коментари

коментари