понеделник, 27 март 2017  |  Вести денес: 99

Иво Далтон – „Терам напред“ (ВИДЕО)

screenshot_32

И покрај сите забрани за емитување во македонскиот радио – телевизиски етер, македонската  естрада не мирува. Во замена за класичните електронски медиуми, социјалните мрежи и музичкиот канал Јутјуб се главните места каде што се пласираат и промовираат новите песни и спотови.

screenshot_30

Последниве денови особено активни се фолкерите, па во разни варијанти и верзии исфрлаат нови аудио-визуелни дела. Така Иво Илиев, попознат како Иво Далтон деновиве се појави со нова песна и видеоспот за својата песна „Терам напред“, со која тргнува да ја освојува фолк сцената. Направена во препознатлив турбо-фолк манир, во стилот на најголемите ѕвезди кај северниот сосед, Иво и неговат дружина се обидуваат да и се наметнат на фолк публиката како со песната така и со видеото кое е реализирано во истиот стил, со карактеристична препознатливост за овој масовно прифатен музички жанр.

screenshot_31

Автор на музикита и стиховите е  Борче Димитров алиас Бока-Рафинерија, аранжманопт го потпишува Љупчо Павловски-Бубе, а песната е реализирана во музичкотот студио „Анастасија“.

Во видеото кое е изработено од „ИН“ продукција, се појавува сексапилната убавица, модел, чие име остана тајна.

Како звучи и изгледа кога Иво Далтон „Тера(м) напред“ слушнете и видете подолу:

#Коментари
[fbcomments]