четврток, 30 март 2017  |  Вести денес: 30

„Бон Џови“ објави нов албум – „This House Is Not For Sale“

bj-600x350

Легендарните рокери „Бон Џови“  го објавија долгоочекуваното студиско издание „This House Is Not For Sale“, каде што се сместени 12 песни во стандардната и дополнителни пет во луксузната верзија. Од него претходно беа објавени темите Labor Of Love“, „Born Again Tomorrow, насловната This House Is Not For Sale и „Knockout“, за која неодамна беше објавен и видео запис.

Ова е тринаесетто студиско издание за американските рокери, а го наследува албумот „What About Now“ (2013) и уште 11 студиски изданија, две компилации и два албума во живо, како и минатогодишното издание „Burning Bridges“ што беше создадено како благодарница за обожавателите. На продукцијата работеше лидерот на бендот, Џон Бон Џови, во соработка со шесткратниот добитник на Греми, продуцентот Џон Шенкс, кој е заслужен за 43 број 1 синглови и 86 број 1 албуми во жанровите рок, поп и кантри.

1478251164bonjovi_thinfs_album_artwork_universalmusic-1024x1024

Новиот албум со малку поинаков звук носи неколку промени. Ова е прв материјал што бендот го напиша без поддршка од гитаристот Ричи Самбора, а водено и прв албум на кој свири гитаристот Фил Екс (Phil X). Исто така, басистот Хју Мекдоналд конечно стана официјален член на бендот, после цели 22 години.

#Коментари