недела, 23 јули 2017  |  Вести денес: 38

Доделени европските музички награди на Ем-ти-ви ЕМА 2016

mtvema-620x350

Вчеравечер во Ротердам (Холандија) се одржа годинешното доделување на европските музички награди на Ем-Ти-Ви, во чии рамки настапија едни од најпопуларните музички ѕвезди во моментов. Честа да ја отвори забавата му припадна на мегаѕвездата Бруно Марс, кој одлично ја загреа атмосферата со неговиот најнов хит 24К Magic“ .

brunomars-621452614

Во текот на двочасовното шоу свои настапи имаа и Викенд, „Кингс оф лион“, „Уан репаблик“, Мартин Гарикс, Афроџек, Шон Мендес, „Ди-ен-си-и“, „Лукас Греам“ и Зара Ларсон, годинешните добитници на наградата „Глобална икона“, панк-рокерите „Грин деј“. Меѓу изведувачите беше  и самата водителка на манифестацијата, младата ѕвезда Биби Рекса.

beberexha-621453212

Речиси сите изведувачи си заминаа дома со по некоја награда, а годинава во чест на прерано починатиот музичар Принс, статуетките беа обоени виолетово.

ema-prince

И покрај тоа што беше една од уметниците со најмногу номинации, американската дива Бијонсе не освои ниту една награда, но затоа нејзиниот помлад колега Џастин Бибер, кој исто така се натпреваруваше во 5 категории, во својата богата колекција додаде уште 3 статуетки. Според европската публика, тој е најдобриот канадски изведувач што ги има најголемите обожаватели и најдобрата песна за 2016 година, „Sorry“.

billiejoearmstrong-greenday-621460260

Доколку го пропуштивте вчерашниот пренос во живо, целото шоу можете да го прегледате на официјалната веб страна www.mtvema.com, а репризи ќе има и во текот на целата недела на регионалниот канал Ем-Ти-Ви Адрија. Комплетниот список со победници ве очекува во продолжение.

matthewfollowill-calebfollowill-kingsofleon-621516776

Најдобра песна: Sorry, Џастин Бибер

Најдобро видео: Starboy, Викенд и „Дафт панк“

Најдобар женски изведувач: Лејди Гага

Најдобар машки изведувач: Шон Мендес

Најдобар изведувач во живо: Туенти уан пајлотс

Најдобар нов изведувач: Зара Ларсон

Најдобар поп изведувач: Фифт хармони

Најдобар рок изведувач: Колдплеј

Најдобар алтернативен изведувач: Туенти уан пајлотс

Најдобар хип-хоп изведувач: Дрејк

Најдобар изведувач на електроника: Мартин Гарикс

Најдобар изведувач во подем (PUSH): Ди-ен-си-и

Најголеми обожаватели: Џастин Бибер

Најдобар изглед: Лејди Гага

Најдобар настап на светска сцена: Мартин Гарикс, Isle of MTV (Малта, 2015)

Глобална икона: Грин деј

Најдобар изведувач од Балканот: С.А.Р.С.

Најдобри изведувачи од светот (Worldwide act):
Трој Сиван – Австралија
Шон Мендес – Канада
Малума – Колумбија
Гот севн – Кореја
Визкид – Нигерија
Зара Ларсон – Шведска

Извор:РадиоМК

#Коментари