четврток, 21 септември 2017  |  Вести денес: 66

Концерт на Џез триото на Артур Дуткиевич во Скопје

Џез триото на Артур Дуткиевич од Полска вечер ќе одржи концерт во Домот на АРМ во Скопје.

koncert

Триото исполнува модерен џез и има богата концертна активност низ Европа, во САД, Азија, до Австралија и Нов Зелан. Настапувале на бројни џез и музички фестивали, а концертот во Скопје е овозможен во соработка со Амбасадата на Полска во Македонија.

Артур Дуткиевич Трио е една од водечките џез групи во Полска. Неговиот стил е уникатен и препозналтив модерен, класичен џез со елементи на тн. „world musiz“.

Неговите последни албуми „Hendrix Piana“ првиот џез албум кој ја паретставува музиката на Хендрикс во изведба на пијано џез трио „Prana“ и со композиции чиј автор е Артур Дуткиевич, беа добро прифатени од публиката и критиката.

Михал Барански кнтрабас и Себастијан Кучински тапани се извонредни музичари со кои Дуткиевич настапува низ целиот свет.

Извор: Курир

#Коментари