среда, 29 март 2017  |  Вести денес: 86

In Memoriam: Денот кога замина Шајто (ВИДЕО)

screenshot_6

На  9-ти ноември 2016-та година, замина во легендите, Драган Денковски – Шајто, бас гитарист на една од најпознатите р групи во Македонија, “Автограм”, и автор на песната “Одам на југ“.

До последниот ден на својот живот беше со својата душа, тело, со целото свое битие посветен на рок ен ролот за кого и од кого живееше. Членуваше во разни рок постави и комбинации, но „Автограм“ беше неговата препознатлива група, каде со Мики Јовановски-Џафер, оставија неколку рок евергрини, меѓу кои и споменатата „Одам на југ“.

hqdefault

Шајто замина… Засекогаш… За жал, прерано. Не е повеќе меѓу нас, но засекогаш ќе остане меѓу легендите. Оние, кои на македонскиот рок ен рол му го оставија животот, а сепак му вдахнаа живот. И им оставија аманет на помладите генерации.

de-marble

Во спомен и сеќавање на „вечниот кумановски рокер“, ви ја презентираме емисијата со него во Шоуто со Боби Серафимовски емитувана на регионалната телевизија К3 од Куманово.

#Коментари
[fbcomments]