недела, 22 јануари 2017  |  Вести денес: 0

Јулија Цветковска – Backstage: Прашинка љубов во дневникот на хулиганот!

Главната уредничката на најгледаниот естраден ТВ магазин, супербрендот  „Бекстејџ“, Јулија Цветковска ја даде својата лична препорака за музички албум, книга и филм по нејзин вкус, за читателите Вистина.мк.

image

ЦД: “Прашинка љубов” на Старовски – Гане Тодоровски, Петре М. Андреевски, Блаже Конески…сите оние врз чии зборови е втемелена цела македонска литература кога ќе ги слушнеш како звучат низ песни тогаш знаеш дека со право си горд на се што е македонско. Прашинка љубов е извонредна симбиоза на македонски квалитет и светски звук. Се слуша во секое време…

9f2eeeed-ae02-4dad-bbf5-14895884b6dd

Книга: “Дневникот на хулиганот” – Сашо Димоски – ова беше најтешкиот избор. Дневникот, затоа што е последната книга што остави импресија. Не знаев дека некој со толку свои зборови може да напише за толку туѓи емоции. Сашо Димоски сега може нема ништо посвое од таа книга, но и јас немам ништо по мое од чувствата кои повторно си ги оживеав таму.

3B66D09373FB464AA352C9CCE6A1F2C4

Филм: The way we were – Barbra Streisand и Robert Redford во безвремена драма раскажуваат како идеалите ја убиваат љубовта. Него никој и никогаш нема да го гледа така совршен како некогаш таа. И Секогаш ќе ги врзува “она што беа некогаш”. Приказна за љубовта. Но и за амбициите, вербата, очекувањата…

way-we-were-poster1

#Коментари

Коментари

коментари