сабота, 24 јуни 2017  |  Вести денес: 36

Тамара Ангеловска по „Заборави“ подготвува нова песна спот

 tamara-angelovska-620x350

По настапот на „Охрид фест“, Тамара Ангеловска со својот тим работи на новата песна која треба да биде со малку побрз ритам и сосема поинаков стил, а за неа ќе се снима и видео запис. Имено, 17-годишната пејачка, која својот прв фестивалски настап пред домашната публика го имаше на годинешниот фестивал „Охрид фест“ со баладата насловена „Заборави“, активно работи на својата музичка кариера и полека, но сигурно, го подготвува тимот кој ќе се грижи за нејзиниот комплетен имиџ.

tamara-angelovska2

Зад новата песна како автори се потпишуваат композиторот Иле Спасев и Даниела Хаџи Тоневска, која го напиша текстот. Млада, но исклучително креативна стилистка ќе ја изработи потребната гардероба за видео записот кој ќе биде промовиран заедно со песната кон средината на следниот месец.

tamara-angelovska5

Ангеловска е родена на 20 декември 1998 година во Скопје, а наредната година ќе матурира на отсек Теоретичар со облигат флејта при средното музичко училиште „Илија Николовски Луј“. Зад себе Тамара има голем број освоени награди ширум светот. На домашен терен со својата прва студиска песна освои награда за најдобра дебитант при годинешниот „Охрид фест“, но и 1 лауреат при „Езерски бисери“. Надвор од Македонија, во силна конкуренција од повеќе од 250 пејачи освои Гран при во Анталија, Турција, потоа Хаифа, Израел 1 лауреат, во Москва, Русија 3 лауреат, и Минск, Белорусија 2 лауреат.

tamara-angelovska3

Во очекување на новата песна, да се потсетиме на емотивната балада на Тамара Ангеловска насловена „Заборави“.

#Коментари
[fbcomments]