среда, 24 мај 2017  |  Вести денес: 0

(ФОТО) Бојана Скендеровски: Мојот сопруг Васко ме научи да размислувам поинаку!

ton_0440

Пред неколку години бевме навикнати да ја гледаме со микрофон во рака како пејачка, но периодов нашата популарната Бојана Скендеровски се посвети на кариерата како водителка за која вели дека целосно ја исполнува. Минатата година Бојана и нејзиниот сакан Васко запловија во брачните води, а по една година од брачниот живот, таа специјално за Вистина.мк открива дека сопругот ја научил да фукнкционира и размислува поинаку. Денес, освен што работи како водителка на нејзиниот авторски ТВ проект „Улица Македонија“, Бојана вели дека аспирациите и љубовта кон музиката се уште се присутни, но моментално е посветена на сопствената продукција и водителството. Откако со неа го испивме попладневното кафе во центарот на Скопје, и овозможивме да се впушти во една поинаква авантура на две тркала низ плоштадот Македонија, возејќи го популарниот гаџет Сегвеј.

ytr

Какви беа твоите сознанија за Сегвеј пред да го искусиш и дали ги оправда твоите очекувања?

Немав некои посебни сознанија за Сегвеј од предходно, освен што неколку пати ги сретнав фотографиите со други јавни личности на вашиот порталот Вистина.мк, ги прочитав позитивните впечатоци, и морам да кажам дека бев љубопитна и јас да го искусам.

Со оглед на тоа дека си возач, би можела ли оваа револуционерана направа да биде твоја алтернатива за автомобилот?

Дефинитивно да, земајќи го во предвид сообраќајниот хаос во Скопје, ова е одлично превозно средство за избегнување гужви.

Ни потврди дека се вљуби во Сегвеј уште на прво возење, со што те освои?

Да, така е,чуството да си на Сегвеј е уникатно, затоа што не е класично возење на превозно средство каде што секогаш имате класичен волан и кочница, со Сегвеј едноставно се поврзувате и тој реагира на движењата на вашето тело, го чуствува секој ваш потег и на таков начин го контролирате правецот на движење.

j

Како ќе им го препорачаш на дамите кои би сакале да доживеат една поинаква секојдневна динамика?

Го препорачувам од се срце, затоа што е практично, пред се еколошко, со него брзо и ефикасно ќе стигнете на посакуваното место и притоа дамите не ги ограничува во однос на гардеробата освен што не е практично да се на високи потпетици.

Што се случува во секојдневието на Бојана- би можел ли Сегвеј да биде твој партнер за позабавно и пофлексибилно функционирање низ град?

Секако дека би можело да биде мое превозно средство, со задоволство.

ngt

 

До каде се твоите сегашни аспирации кон музичката кариера и од каде изникна љубовта кон водителството и телевизијата?

Се уште музиката е моја огромна љубов, минатата година бев поактивна, победата на Макфест, два сингла потоа беа пуштени во етерот, но излезе идејата со мојата емисија „Улица Македонија“,низ еден краток разговор со директорот на Сител ТВ Зоран Додевски, кој впрочем и ни ја предложи како формат, ми беше огромен предизвик и ја прифатив.Од секогаш сум ја сакала телевизијата како медиум, убаво се чуствувам пред камерите, некако сум своја на своето.

Како е да се биде од другата страна – се соочуваш ли со потешкотии во реализацијата на една емисија?

Интересно е да се биде од другата страна, ги разбирам сега естрадните новинари кои понекогаш ни замерувале во принцип немам сериозни проблеми, неколку пати наидов на неколку непрофесионалци во однос на релација новинар и јавна личност, но сите ликови кои прошетаа низ нашата „Улица Македонија“, беа вистински професионалци, раскажаа многу интересни приказни од своите кариери и живот и заслужено беа во нашата емисија и уживав во разговорите со нив, навистина.

Велат дека телевизијата е магија, ако еднаш ја почуствуваш никогаш нема да поскаш да престане. Колку си маѓепсана во тој поглед?

Комплетно сум маѓепсана и навистина е така, едноставно чуството да можеш да се обратиш некому и таа интересна интеракција како фидбек е исклучително чуство.

ton_0439

Преку „Улица Македонија“ покажа една поинаква Бојана од онаа што ја знае и памети пошироката јавност. Што се промени во меѓувреме и со доаѓањето на овој проект?

Се променија многу нешта во позитивна насока, со мојот сопруг заедно ја работиме креативата околу целиот овој проект, имаме своја продукција чија екипа се зголемува постојано со млади луѓе полни со ентузијазам и енергија кои работат напорно за се ова добро да фунционира.

Какво е чувството кога ќе те пофалат за односот кон камерата, гостинот, но и кога те критикуваат можеби?

Веројатно публиката со ова што моментално го работам како формат гледа една нова димензија од мене, и тоа е таа вистинската моја димензија која што можеби не можеле до сега да ја доживеат, мојата непосредност и опуштеност. 14 години сум на естрадната сцена и веќе одамна сум навикната дека треба да бидам подготвена да добивам критики и сугестии, затоа што тоа е нормално за оваа професија, впрочем тоа е само плус за нашата работа.

Медиумите не заобиколија да напишат за твоите зголемени усни, намалените килограми, променетиот имиџ… што всушност навистина се смени кај тебе?

Се радувам кога добивам позитивни критики тоа е потврда за правецот по кој движам, но и кога добивам негативни критики или сугестии нешто да се измени, ги прифаќам и се трудам да ги поправам, сепак јас постојам за публиката, не таа за мене и морам да го следам нивниот пулс. Само годините се променија, нешто сум повозрасна. Шега на страна,нормално е да се пишува и тоа не е случај само со мене,туку со сите јавни личности, ако направам споредба со она што го пишуваат во нашето соседство за нивните јавни личности ние сме дури и супер.

tre

Од речиси пред една година повторно го имаш статусот на мажена односно госпоѓа Скендеровски. Како од денешна перспектива гледаш на совршениот брак?

Совршен брак….веројатно нема формула и претпоставувам дека не постојат бајки и идила како во приказните, само двајца партнери кои се почитуваат, се искрени помеѓу себе, безрезервно се подржуваат во се што работат, бракот бара многу вложувања и пожртвуваност, несебичност и посветеност и да не заборавам нешто на кое ме научи мојот сопруг Васко, да размислувате во множина, наместо “јас”,”мое”, да биде “ние”,и “наше”. Едноставно е…

dsa

 

#Коментари
[fbcomments]