среда, 28 јуни 2017  |  Вести денес: 76

Калиопи со „Костени“ во шоуто „Ѕвездите пејат ѕвезди 2“ (ВИДЕО)

kaliopi-zpz2

Во рамките најголемите радио проекти на Балканот „Ѕвездите пејат ѕвезди 2“ денеска на официјалниот Јутјуб канал на најголемата радиомрежа во Србија – Радио С премиерно беше објавен спотот за песната „Кестени“ во изведба на Калиопи.
Пејачката беше гостин  на Радио С во емисијата „Ден со Наталија“, каде што таа зборуваше  како за проектот на Радио С, така и за првите реакции по премиерата на видеото:

kaliopi-radio-s

„Спотот за песната Костени зрачи со прекрасна и посебна енергија, бидејќи ја следи суштината на песната. Успеавме да создадеме комплетна аудио-визуелна приказна. Реакциите на моте пријатели, колеги и моите обожаватели се одлични, сите тие се навистина воодушевени. Особено сум задоволна што и на авторот на песната, мојот драг пријател Пиле од групата Алиса му се допадна целата идеја. Успеавме да  направиме преработка, која во секој случај ќе и го врати духот и ќе направам Кестени  засекогаш да остане во аналите на музиката“ – рече Калиопи при посета на национално радио С.

#Коментари