четврток, 29 јуни 2017  |  Вести денес: 0

Нови чартер летови до Охрид од Катовице, Полска

Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот (АППТ) на Република Македонија ја претставува туристичката понуда на земјава на саемот TT Warsaw во Варшава, Полска од 24-26 Ноември. На саемот во Варшава, кој е специјализиран за промоција на дестинации и директна продажба на туристички пакети, оваа година, голем е интересот за Македонија и посетеноста на македонскиот штанд од страна на полските тур оператори и посетители е огромен.

ohrid

На овој саем Македонија се промовира со културен туризам и авантури во природа со каталози на полски јазик.

Се остварија средби со Тур операторите кои што веќе ја имаат вклучено Македонија во нивните продажни каталози кои го искажаа големото задоволство од туристичката понуда во Македонија и ефектите од летната сезона.

Директорот на Агенцијата Лела Крстевска, заедно со ВД Амбасадорот на Македонија во Полска Горица Атанасова-Ѓоревска се сретнаа и со сопственичката на полскиот тур оператор кој од Летото 2017 година почнува со чартер летови Катовице-Охрид.

Првите резервации се веќе направени и компанијата Рего-Бис ќе донесе најмалку 5000 туристи кои ќе слетуваат на охридскиот аеродром со авиони од типот Ербас 320, со капацитет од 220 седишта. Ќе бидат застапени и кружни повеќедневни посети со комбинација и на други соседни земји, со автобуси со капацитет од 80 лица.

На 30 овој месец презентација на Македонија пред полски партнери и туристички агенции ќе се одржи во Катовице.

“Покрај Охрид, правиме промоција и напори за вклучување и на други македонски туристички дестинации во програмите на полските тур оператори, кои би можеле да бидат интересни за полските гости, а во соработка со македонските тур оператори.Ќе бидеме и домаќини на полски претставници на медиумите кои ќе го шират убавиот глас за Македонија во Полска”-изјави Крстевска.

извор:курир

#Коментари