петок, 18 август 2017  |  Вести денес: 57

Јордан Митев само неа ја сака… (ВИДЕО)

screenshot_11

Македонскиот фолк пејач Јордан Митев  промовираше нов спот, овој пат за неговата балада „Само тебе јас те сакам“. И овој пат Јордан е сам свој мајстор, па освен што е потпишан како комплетен автор на песната (музика, текст и аранжман), тој ја потпишува и режијата на видеозаписот кој е снимен на неколку различни локации во македонската метропола, каде во ноќните кадри до израз доаѓа убавината и егзотичноста на  архитектонските зданија од проектот Скопје 2014.

screenshot_10

За техничката реализација, монтажата и постпродукцијата се погрижил охриѓанецот „Зати“.

screenshot_12

Во видеоспотот покрај пејачот  се појавуваат уште еден пар – момче и девојка статисти, кои проткајуваат како главни ликови во љубовниот заплет и расплет на  целата приказна.

Како сето тоа звучи и изгледа, слушнете и погледнете подолу од видеото што следува:

#Коментари
[fbcomments]