сабота, 29 април 2017  |  Вести денес: 9

„Тајфата“ на Коки ја визуелизираше нивната верзија на „Слушам кај шумат шумите“ (ВИДЕО)

screenshot_9

Никола Коки Јанков, некогашната половина од легендарното дуо Дуле и Коки се раздели од своите досегашни колеги од последниот проект „Тајфата“, ама реши да го задржи името, исто како и тие, кои неговото место набрзина го пополнија со поп пејачот и виолинист, Димитар Атанасовски. И додека тие и Коки се меѓусебно се убедуваат , а ја убедуваат и јавноста кој полага поголемо право на брендот „Тајфата“ и едните и другите се појавуват и и снимаат под тоа име.

screenshot_13

Последното нешто со кое Коки се појави во етерот, сега доби и своја визуелизација. Неговата верзија на познатата македонска песна со патриотска содржина, „Слушам кај шумат шумите“, деновиве „Томато“ продукција ја вообличи во студиски видеозапис, во кој заедно со Коки, како вокал се појавува и Андријана Јаневска, а покрај неа како гостин кој ги свири гитарските делници во кавер верзијата во видеото гостува и гитаристот Ивица Јорданов.    

screenshot_11

„Ова е првата песна која како дете на 3-4 годишна возраст сум ја пеел по дома, па за песната можам да кажам дека по малку сум емотивно врзан, а до некаде буди во мене и носталгија.  Аранжманот е нешто што ја прави оваа песна единствена, иако во прашање е преработка, а придружниот женски вокал на  Андријана Јаневска,  не остава никого рамнодушен“ – изјави неодамна Коки.

screenshot_10

Што се однесува до недоразбирањата и персоналните промени во „неговата тајфа“, Коки вели:

По толку многу години поминати на естрадата, по толку многу одржани свирки, по толку многу поминати километри, сум станал нетолерантен за аматеризмот, за оние кои очекуваат многу преку ноќ, а притоа не се подготвени посветено на тоа да работат.  Затоа во следниот период ќе видите дека на Тајфата ќе и се придружат луѓе професионалци, луѓе со кои ја делиме истата страст за музиката, докажани музичари, подготвени за нешто ново и поголемо од самите нив“.

screenshot_12

Дали тоа значи дека појавувањето на Андријана и Ивица како во песната така и во видеото на „Томато“ е дискретна најава дека веќе костурот на новата „тајфа“ се наѕира, останува наскоро да видиме. До тогаш, уживајте во видеото и новата верзија на „Слушам кај шумат шумите“ на „Тајфата“ на Коки.

#Коментари
[fbcomments]