вторник, 24 јануари 2017  |  Вести денес: 51

ДНК со нов спот: Андреј и Панчо имаат супер „Ѕвер“ (ВИДЕО)

%d1%95%d0%b2%d0%b5%d1%80

Популарното ар-ен-би дуо ДНК кое на последниот Македонски радиски фестивал МАРС 2016 понесе грст награди за своите годинешни хитови го претстави најновото видео за песна од актуелниот албум „Уште еден ден“.

screenshot_8

Темата „Ѕвер“, типична клупска песна, која освен што е музички поразлична, има и сосема поразлично видео, особено  за „плакнење очи“ на повозрасната публика на двоецот Панчо и Андреј.

screenshot_4

Текстот во „Ѕвер“ го потпишува  Панчо, аранжманот е на хитмејкерот Лазар Цветкоски и Дамир  Јахиќ – Чекиќ, додека музиката е заедничко дело на Панчо и Лазе.

screenshot_14

Во визуелизацијата на песната која е дело пак на стариот познаник и соработник на ДНК, режисерот Владимир Митровски – Ѓуле, главната „ѕверка“ е битолчанката Вероника Иваноска, а видеото е збогатено и со интересната кореографија на танчерите од студиото „Битрикс“. Гостин во песната и видеоспотот е и  популарниот битбоксер Буцо.

Како звучи и изгледа сето тоа можете слушнете и  погледнете подолу.

#Коментари

Коментари

коментари