вторник, 17 октомври 2017  |  Вести денес: 57

(ВИДЕО) Зоран Стефаноски со нов музички проект – „Between Passion And Suffering“

zoran-stefanovski

После првиот музички проект кој беше нагласен The Beginning, симболично како за почеток на неговата соло кариера, музичарот Зоран Стефаноски од Кичево го објави и своето второ остварување.

Неговиот втор проект гласи под името Between Passion And Suffering, а името дошло, како што нагласува Стефаноски од тоа поради што сите имаме некоја љубов и страст кон нешто, страст, за која понекогаш вреди да страдаш, да се бориш, да си упорен и да пробаш да си ги исполниш соништата, никогаш не се знае.

-Видеата за The Beginning и Between Passion And Suffering  се снимени од страна на мојот пријател Славе Викторијоски. Освен моите проекти во меѓувреме сум активен со охридскиот авторски хардкор бенд Hardfaced, во кој свирам тапани и моите два авторски кичевски бендови Melissa i Vehementor. За крај од мене една порака, живеј си го сонот и биди упорен,  секогаш барај начин да останеш мотивиран без разлика колку демотивација има околу тебе, заклучува Зоран.

#Коментари
[fbcomments]