сабота, 22 јули 2017  |  Вести денес: 52

Стефи во претседателскиот апартман

_mg_2098

Стефи не ни е непозната бидејќи не така оддамна беше заштитно лице на МАРС 2014, а како потсетување можете да ја погледнете тогашната фотосесија.

Како фотомодел таа најчесто се појавува во соседните држави, а најмногу е ангажирана преку модните агенции кај нашиот јужен сосед.

Овие денови имавме среќа да ја начекаме додека беше гостин во најелитниот апартман во нашата држава – „Претседателски Апартман“ во Хотелот Русија.

_mg_2223

За време на нејзиниот престој,  нашиот соработник, уметничкиот фотограф и режисер – Професор Гурко ексклузивно за Вистина.мк  направи фотосесија со серија фотографии.

Од приложеното можете да видите дека овие денови, животот навистина може да биде и тоа како удобен и луксузен. Еден од најубавите хотели во Македонија, Хотел Русија, на гостите кои престојуваат во луксузниот претседателски апартман, сместен  на седмиот кат, им нуди безброј погодности.

Овој луксузен апартман е уреден со мебел во модерен стил, инспириран од богатата руска историја и култура. На површина од 200 метри квадратни, апартманот содржи приватна трпезарија, голема спална со кралски кревет, приватно џакузи, одличен поглед од Скопје и реката Вардар.

Овој ексклузивен апартман на своите гости им нуди повеќе од удобен престој и им нуди место во кое ќе можат да се чувствуваат како дома.

Погледнете како изгледа истиот… се разбира, разубавен со присуството на нашиот модел, грациозната Стефи.

 

#Коментари
[fbcomments]