понеделник, 24 јули 2017  |  Вести денес: 0

Во Кавадарци произведено првото зелено и сино вино во светот

dsc_0013

Два месеци откако шпанската компанија „Гик“ го промовираше првото сино вино, и го сврте вниманието на винската јавност врз себе, во Македонија е произведено првото зелено вино, кое со својата изразита боја, делува и тоа како примамливо и атрактивно. Иноватор на овој експеримент е професорот Влатко Тасев од Кавадарци кој вели дека во својата винска работилница креирал зелено и сино вино уште пред десетина години, но никогаш не ги промовирал истите.

dsc_0010

Направени од одбрани зрна грозје од најдоброто тиквешко грозје, за разлика од шпанското сино вино, и зеленото и синото вино на професорот Тасев се целосно органски и ги содржат сите вински карактеристики, особено оние кои важат за белите сортни вина.

dsc_0036

Потврда за нивниот квалитет се и бројните пофалби кои стигаат од сите оние кои допреле до неколку голтки од виното кое Тасев со задоволство го споделува, но и од екипата на специјализираниот сајт за вино, www.vinotika.com која разговараше со професорот Тасев за првото зелено вино во светот.

dsc_0028

„Наша инспирација да ги направиме синото и зеленото вино беше потребата за промена, за експериментирање, за нешто сосема ново. Виното е производ на боговите, еликсир на младоста, големи зборови кои значат многу, но сепак секогаш се бара нешто ново. Еве дојде време кога шпанците промовираа сино вино“ – изјавува Тасев за  www.vinotika.com.

dsc_0040

 

„Јас сум ентузијаст во целата оваа работа, и правам некои 500 до 1000 литри вино за свои потреби, но и сакам да пробам нешто, експериментрам, најчесто со пробани рецепти и некои мои, но се е сосема природни. Секој нов производ го пробувам одредено време, па потоа го споделувам со пријателите. Како што сум јас мал производител во Македонија, така и Македонија е мала во светски рамки, па не знам дали би успеал да го пробијам овој производ на глобалниот пазар, за разлика од Шпанците кои се многу блиску до французите и италијанците по нивото на винската култура, и со добра реклама успеале да го пробијат синото вино, кое сепак е добро за промена“ – вели Тасев.

#Коментари