вторник, 17 октомври 2017  |  Вести денес: 0

Милена и „Челик бенд“ го промовираа „Кумановскиот зет“ (видео)

celik-bend

Кумановскиот бенд „Челик бенд“ своето тригодишно постоење на македонската народна сцена го одбележи со промоција на втората по ред песна насловена како „Кумановски зет“ за која снимен е и видеозапис.

celik-bend-2

Промоцијата на новата песна и видеозапис на „Челик Бенд“ во присуство на голем број пријатели, колеги и претставници на македонскиот медиумски сектор се одржа во вторникот (6-ти декември, 2016 година) во ресторанот „Центропалас“ во Куманово, а домаќинка на вечерта беше нашата прекрасна ТВ водителка, Милена Антовска.

celik-bend-3

Музиката за „Кумановски зет“ на „Челик Бенд“ ја напиша Гоце Нанов, текстот е дело на Орце Зафировски, додека за аранжманот се погрижи Ангел Косев. Песната е снимена во студиото „Подрумот“, а видеозаписот е во продукција на „ТВ Плус“ од Куманово.

Во продолжение погледнете го најновиот видеозапис на „Челик бенд“ за темата „Кумановски зет“.

#Коментари
[fbcomments]