вторник, 24 јануари 2017  |  Вести денес: 51

На работен појадок кај Тајфата на Коки: Официјална промоција на видеото за „Слушам кај шумат шумите“ и најава за нови проекти

3s3a2134

Никола Јанков, познат на сите како Коки од дуото Дуле и Коки, на денешната појадок -дружба со новинарите го промовираше новиот видео спот снимен од „Томато“ продукција, видео за преработката на старата македонска песна со патриотска содржина  „Слушам кај шумат шумите“ , во која покрај Коки вокалите ги пее и Андријана Јаневска, и на гитара свири Ивица Јорданов.

3s3a2081

25 години, и повеќе, не се малку да си во оваа сфера на работа. Секој си креира свој пат и како годините доаѓаат така патот е се појасен и појасен. Од кога знам за себе ја сакам македонската чалгија и затоа со енергијата која ми ја дава помислата на Дуле и поддршката од моите соработници, од мојата тајфа, ќе продолжам да ја свирам оваа музика насекаде низ Македонија, на свадби, на прослави, по медиуми, насекаде“ – истакна Коки за време на промоцијата на спотот.

3s3a2115

Тој додаде дека планира повторно издавање на албум некаде напролет, а  зборуваше и за деновите поминати со Дуле и пријателите навраќајќи се на наградата кои тие заедно ја добиле пред 20 години на Макфест. Според Коки мотивацијата од старите денови никогаш не го напуштила и затоа тој продолжува со создавањете на нов музички правец – македонски новоградски рокенрол со својата Тајфа.

Коки порача дека е вистинско уживање да се работи со Андријана Јаневска и Ивица Јорданов пофалувајќи ги за нивната професионалниост и посветеност. Во однос на тоа што најмногу сака од животот Коки пред сите порача дека најголема пасија и цел му е да биде професор во музичкото училиште Илија Николовски – ЛУЈ на најдобрите идни виолинисти во Македонија и пошироко.

Што се однесува до правото на користење на името „Тајфата“ кое сега го користат обете фракции ( Коки и неговата тајфа од една и останатите двајца членови на оригиналната постава на „Тајфата“ од друга страна), Коки истакна дека времето ќе покаже и публиката ќе си ја препознае вистинската тајфа.

#Коментари

Коментари

коментари