понеделник, 20 февруари 2017  |  Вести денес: 64

Попоски во понеделник во Брисел на средба со Хан и шефовите на дипломатиите на ЕУ-земјите

Министрите за надворешни работи на 28. земји-членки на Европската унија, во понеделник наутро во Брисел ќе имаат работен појадок со шефот на македонската дипломатија Никола Попоски, јавува дописникот на МИА од Брисел.

poposki

Во организација на министрите на Австрија, Унгарија и на Словенија, Себастијан Курц, Петер Сијарто и Карл Ерјавец, целиот Совет за надворешни работи на ЕУ (ФАК), плус еврокомесарот за преговори за проширување Јоханес Хан, ќе присуствуваат на средбата со министерот за надворешни рбаоти на Република Македонија, за да разговараат за исходот од предвремените парламентарни избори што во земјата ќе се случат ден претходно.

Според информациите, на неколку часа пред состанокот на Советот на ЕУ во понеделник, каде треба да се усвојат заклучоците за Самитот на Европскиот совет што е закажан за четврток идната недела, шефовите на дипломатиите на ЕУ-земјите плус Хан, директно од Попоски ќе се информираат за исходот на македонските избори и плановите на идната политичка Влада, која според очекувањата на Брисел ќе продолжи по евро-атлантскиот пат.

Овој вид работен појадок на Советот за надворешни работи на Европската унија со Македонија, се чини станува традиција, ако се знае дека на истото место и во исто време, минатата година беше организирана идентична средба со македонскиот министер за надворешни работи, која исто така ја организираа неговите колеги Курц од Австрија и Сијарто од Унгарија.

извор:курир

#Коментари

Коментари

коментари